-
Your Vegan The Rice Bran Ampoule 45ml
970 ден825 денThe Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
- Го подобрува и воедначува тенот
- Ги прочистува и одржува порите
- Ја спречува појавата на комедони и акни
- Ја хидрира кожата
- Ѝ дава свежина и сјај на кожата
- Ја смирува иритацијата и црвенилото
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата
- Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
- Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
- Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
-
Your Vegan The Rice Bran Cream 45ml
950 ден855 денСовршен крем за чувствителна и проблематична кожа склона на акни, тоа е Your Vegan The Rice Bran Cream, крем кој ќе направи вашата кожа да заблеска во право светло.
Your Vegan The Rice Bran Cream ги отстранува акните, ја спречува појавата на нови акни, ги отстранува лузните, црвенилото и хиперпигментацијата од акни, на кожата ѝ ја дава потребната хидратација, ја зајакнува заштитната бариера на кожата, ја подобрува текстурата и го подобрува тенот.
Клучни состојки:
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Ниацинамидот ја намалува хиперпигментацијата, го подобрува тенот, ја спречува појавата на акни, ја спречува појавата на брчки и ја прави кожата поеластична.
- Скваланот е некомедогена состојка која ја навлажува кожата, ја спречува појавата на фини линии, ги намалува трагите од акни и флеки.
- Содржи 3 типа на хијалуронска киселина која природно ја привлекува и задржува водата во кожата, со што ја прави кожата свежа и ја спречува појавата на брчки.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот, азиатикозидот и азијатичната кииселина ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од чајно дерво има антибактериско дејство и ги одржува порите.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
Позитивни страни:
- Производот е вегански.
- Направен е од состојки со највисоко ниво на безбедност означени со зелено според EWG.
- Не содржи алергени.
- Не содржи вештачки сурфактанти.
- Не содржи парабени, минерални масла, феноксиетанол, испарлив алкохол, вештачка боја и мирис.
-
Your Vegan The Rice Bran Toner 120ml
935 ден747 денДали би сакале да пробате производ кој го подобрува тенот, ја враќа хидратацијата на кожата, ја смирува иритацијата, се бори против акните и ја спречува појавата на брчки?
The Rice Bran Toner на корејскиот бренд Your Vegan е мултифункционален тонер кои ги таргетира сите овие проблеми наеднаш.Вклучете го овој тонер во рутина за нега која веќе ја практикувате, како чекор веднаш по миењето на лицето или комбинирајте го со ампулата и кремот од истата The Rice Barn линија на Your Vegan. Уште по 1 недела од употребата ќе забележите посвежа, почиста и поблескава кожа.Тоа e интензивен тонер за третман на уморна и затемнета кожа, проблематична кожа со акни, кожа со флеки, кожа на која и недостига еластичност. Благодарение на водата од оризови трици, ниацинамидот, хијалуронската киселина и CG-6 комлексот третира повеќе различни проблеми на кожата и придонесува за нејзин целокупно подобрен изглед и здравје.Клучни состојки:
- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Ниацинамидот ја намалува хиперпигментацијата, го подобрува тенот, ја спречува појавата на акни, ја спречува појавата на брчки и ја прави кожата поеластична.
- Содржи 3 типа на хијалуронска киселина која природно ја привлекува и задржува водата во кожата, со што ја прави кожата свежа и ја спречува појавата на брчки.
- CG-6 комлексот е комплекс од екстракти од 6 типа на цветови, кој има функција да ја смири кожата, делува антибактериски и ја спречува појавата на акни, дава хидратација, има антиоксидантно дејство и ја зајакнува заштитната бариера на кожата.