-
DEAR, KLAIRS Fundamental Ampule Mist 125ml
1.599 денFundamental Ampule Mist на корејскиот бренд Dear, Klairs, претставува антиоксидантна фундаментална спреј ампула за постигнување на младешки изглед на кожата која се одликува со формула од различни растителни есенцијални води богати со хранливи материи. Состојките од вода од зелен чај од островот Џеџу, Luffa cylindrica и бамја се додадени за да допринесат за свеж и ревитализиран тен. Благодарение на другите клучни состојки, краставица, ориз, екстракт од Laminaria japonica и трехалозата која има способност да ја задржува влагата, оваа спреј ампула има извонредна навлажнувачка способност да го одржи лицето хидрирано и по прскањето. Овој вегански производ, наменет за сите видови на кожа, не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: Прскајте 2-3 пати дневно од спреј ампулата, на 20 cm оддалеченост од лицето и дозволете да се исуши на лицето или тапкајте нежно со прстите. Препорачливо е да се употребува после чистењето, а пред нанесувањето на навлажнувач. Совет: Може да се користи и во било кој дел од денот за нега, освежување и хидрирање на кожата. Исто така, може да се користи како тонер во рутината за нега на кожа. -
DEAR, KLAIRS Fundamental Watery Oil Drop 50ml
1.780 денDear, Klairs Fundamental Watery Oil Drop се маслени капки кои на кожата ѝ пружаат моќно атиоксидантно дејство благодарение на комплексот од ориентални чаеви, неколку филтрати на ферменти и пептидите. Оваа избалансирана формула ги комбинира енергијата на серумите и богатството на маслата со есенцијалната вода од зелен чај со поекло од остовот Џеџу. Употреба: Нанесете 2 до 3 маслени капки наутро и навечер, на лицето и вратот, пред нанесу- вањето крем. Маслените капки може да се користат пред или наместо серум. Состав: вода, глицерин, бутилен гликол, вода од лист од Camellia sinensis, екстракт од Oryza sativa (ориз), екстракт од фермент на Bifida, бетаин, дипропилен гликол, сорбитол, 1,2-хександиол, екстракт од фермент на Aspergillus/ориз, екстракт од лист од Camellia sinensis, дикалиом глициризат, сорбитан сесквиолеат, етилхексилглицерин, натриум акрилат/натриум акрилоил диметил таурат кополимер, натриум хијалуронат, хидроксиетилцелулоза, ксантан гума, аргинин, карбомер, токоферил ацетат, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, екстракт од Laminaria Japonica, церамид NP, хидрогениран лецитин, бакар трипептид-1, ацетилхексапептид-8. -
DEAR, KLEARS Fundamental Nourishing Eye Butter 20g
1.390 денФундаменталниот хранлив путер за очи на корејскиот бренд Dear, Klairs е дизајниран да ја обнови еластичноста и радијантноста на кожата околу очите, благодарение на мешавината на четири пептиди и богатиот антиоксидантен ориентален чаен комплекс. Од нежната, налик на путер формула, произлегува здрав изглед. Овој хидратантен путер за очи, содржи масло од сончогледово семе кое е богато со витамин А и витамин Е за заштита на тенката кожа околу вашите очи, а исто така, пептидите кои ги содржи (ацетил хексапептид-8, бакар трипептид-1, олигопептид-29, олигопептид-32), ги подобруваат фините линии. Овој вегански производ е наменет за сите видови на кожа, а меката текстура налик на путер, помага за производот брзо да се апсорбира. Доволно е богат, без да остави мрсна трага, па исто така се препорачува и за мрсна кожа. Не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: Нанесете соодветна количина од путерот и нежно тапкајте околу горната и долната очна област со прстите наутро и навечер, по нанесувањето на тонер. Може да се нанесе и по нанесувањето на фундаменталниот гел за очи. Совет: Путерот за очи, може да се нанесе и на други делови како вратот, назолабијалните набори итн. со цел подобрување на еластичноста на кожата и фините линии.