-
SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule 100ml
1.416 денOriginal price was: 1.416 ден.991 денCurrent price is: 991 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule 100ml е најпознатиот производ на брендот SKIN1004.
Оваа иконична ампула (серум) која содржи 100% чист екстракт од азиска центела добиена од еколошки чистиот регион на Мадагаскар. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата. Бидејќи овој екстракт содржи неколку пати повеќе активни смирувачки состојки има помоќно дејство во споредба со обичната центела. Ампулата е дизајнирана да го врати нарушениот баланс на кожата предизвикан од агресивни надворешни фактори, обезбедувајќи моментално смирување и неверојатно чувство на комфор.
Со лесна и брзоапсорбирачка текстура, овој корејски серум длабоко ја хидрира кожата без да остави леплив финиш. Тој интензивно работи на зајакнување на заштитниот слој (бариерата) на кожата, ја обновува оштетената кожа и делува антиоксидантно. Редовната употреба помага да се балансира рамнотежата помеѓу маснотијата и влажноста, што резултира со поздрав, поизедначен и сјаен тен.
SKIN1004 Centella Ampoule е наменет за сите типови кожа, а особено е препорачлив за чувствителна, реактивна и сува кожа која бара длабока хидратација и ефикасно смирување на црвенилото и иритацијата. Идеален е за оние кои бараат чист, природен производ со минималистичка формула и една главна состојка која е докажана за обновување на кожата и намалување на воспалението.
Клучни придобивки:
- Содржи 100% чист екстракт од Centella Asiatica за максимална ефикасност.
- Обезбедува длабока хидратација без лепливост.
- Моментално ја смирува иритираната и чувствителна кожа.
- Го зајакнува заштитниот слој и ја обновува оштетената кожа.
- Ја регулира рамнотежата на влажноста и маснотиите.
- Делува антиоксидантно и го подобрува сјајот на тенот.
Клучни состојки:
- Содржи Centella Asiatica Extract (100%), чиста центела од Мадагаскар, позната како тигрова трева, која го стимулира производството на колаген, ја зголемува цврстината на крвните садови, ја подобрува микроциркулацијата и има силно лековито, смирувачко и антиинфламаторно дејство.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на дланка, а потоа рамномерно нанесете ја на исчистената кожа на лицето по употребата на тонер. Нежно тапкајте ја кожата со врвовите на прстите за да се поттикне целосна апсорпција на производот. Користете ја наутро и навечер.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Hydrating Mask 23ml
143 денOriginal price was: 143 ден.100 денCurrent price is: 100 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Hydrating Mask е лист маска специјално формулирана за интензивна хидратација и јакнење на кожната бариера. Обогатена со екстракт од Centella аsiatica од Мадагаскар, комплекс од 8 вида хијалуронска киселина и церамиди, оваа маска длабински ја навлажнува кожата, ја задржува влагата и ја смирува иритацијата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата со водена есенција брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата мазна и еластична без лепливост. Идеална е за сува, нормална, комбинирана и чувствителна кожа.
Придобивки:
- Длабока хидратација и долготрајно задржување на влагата
- Јакнење на кожната бариера и смирување на осетлива кожа
Главни состојки:
- Екстрактот од азиска центела ја смирува и обновува кожата.
- Комплексот од 8 вида хијалуронска киселина хидрира на повеќе нивоа, ја носи влажноста подлабоко во кожата.
- Церамидите ја зацврстуваат и штитат кожната бариера.
Начин на употреба: Нанесете ја маската на чиста и тонирана кожа, оставете 10-20 минути, потоа нежно тапкајте го вишокот есенција за целосна апсорпција.
Откријте ја свежината и здравиот изглед на кожата со Hyalu-Cica Hydrating Mask, вашето решение за инстантна хидратација и заштита.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil 200ml
1.321 денOriginal price was: 1.321 ден.925 денCurrent price is: 925 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil е ултра-лесно, мултифункционално масло за чистење кое е првиот и најважен чекор во вашата вечерна рутина за нега. Овој корејски чистач на база на масло е формулиран да ги раствори и темелно да ги отстрани сите нечистотии растворливи во масло, како шминката, водоотпорниот крем за сонце, вишокот себум и загадувачите, без да ја исуши кожата.
Содржи екстракт од мадагаскарска Centella Asiatica во комбинација со неколку природни масла. Овие состојки обезбедуваат освежителен и смирувачки финиш, а истовремено делуваат некомедогено и помагаат во отстранувањето на себумот за спречување на затнати пори. Неговата лесна текстура го прави идеален дури и за оние кои првпат користат маслен чистач, без да предизвика иритација на очите. Затоа може да се користи за отстранување на шминка од шчите, бидејќи н предизвикува иритација и црвенило на очите.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 маслен чистач е совршен за сите типови кожа, вклучувајќи ги нормална, сува и чувствителна кожа. Наменет е за секој што сака ефикасен маслен чистач или практикува двојно чистење и бара нежен, но ефикасен производ кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја остава свежа, со чисти и стеснети пори.
Клучни придобивки:
- Темелно ги отстранува шминката, кремот за сонце и себумот.
- Некомедогена формула која спречува затнување на порите.
- Смирувачко и хидратантно дејство благодарение на Centella Asiatica.
- Лесна текстура која лесно се емулгира и не остава мрсни остатоци.
- Идеален прв чекор за ефикасно двојно чистење.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е екстракт од центела од Мадагаскар, кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја штити од иритација.
- Содржи шест видови на растителни масла кои нежно ја чистат кожата, ја хранат и обезбедуваат освежителен финиш.
- Citrus Aurantium Bergamia (Bergamot) Fruit Oil е масло од бергамот кое дава природен мирис и има својства за прочистување на кожата.
Начин на употреба: Нанесете умерена количина од маслото на суви раце. Масирајте го маслото на суво лице со нежни кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Потоа намокрете ги рацете, додадете малку вода на лицето и продолжете со масажата, при што маслото ќе се емулгира и ќе стане млечно. На крајот, темелно исплакнете го лицето со млака вода. Доколку практикувате двојно чистење (се препорачува кај комбинираната и мрсна кожа по чистењето со маслен чистач) продолжете со втор чекор на чистење со пенливо средство на база на вода (како SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule Foam).
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clarifying Mask 23ml
143 денOriginal price was: 143 ден.100 денCurrent price is: 100 ден.Skin1004 Madagascar Centella Poremizing Clarifying Mask е моќна маска за стеснување на порите. Toa е иновативна лист-маска збогатена со есенција од хималајска розова сол и сукцинска киселина, кои делуваат синергиски за прочистување на порите и подобрување на текстурата на кожата. Формулата ја комбинира моќта на природни минерали и активни киселини за да обезбеди свеж изглед и еластичност, без иритација дури и кај чувствителна кожа.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Со својата освежувачка есенција, маската ја враќа виталноста на кожата и обезбедува чувство на цврстина, при што не остава лепливост по отстранувањето.
Придобивки:
- Интензивно стеснување и прочистување на порите
- Смирување на иритирана кожа
- Нежна ексфолијација и подобрување на текстурата
- Освежувачки завршеток без лепливост
Клучни состојки
- Екстрактот од Centella аsiatica екстракт ја смирува кожата и обезбедува антиоксидантна заштита.
- Хималајската розова сол богата со минерали помага за природна детоксикација.
- Сукцинска киселина го регулира себумот и спречува создавање на нечистотии во порите.
- AHA, PHA, BHA и LHA киселини обезбедуваат рамномерна ексфолијација и измазнета кожа.
- Микрофибер ткаенината од растително потекло е тенка и нежна, минимизира триење и е погодна за чувствителна кожа
За кого е наменета?
Оваа маска е идеална за сува, нормална, комбинирана и чувствителна кожа која има проблеми со пори, нерамна текстура или вишок себум.
Начин на употреба: По чистење и нанесување тонер, поставете ја маската рамномерно на лицето прилагодувајќи ги отворите за очите устата и носот и оставете ја да делува 10–20 минути. Отстранете ја и нежно тапкајте за преостанатата есенција целосно да се апсорбира.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Deep Cleansing Foam 125ml
941 денOriginal price was: 941 ден.659 денCurrent price is: 659 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Deep Cleansing Foam е богат, кремаст чистач со моќна формула дизајнирана за длабинско чистење на порите и отстранување на вишокот себум, нечистотии и остатоци од кремот за сонце.
Овој корејски чистач се претвора од густа паста во обилна, кремаста пена која цврсто се прилепува до кожата, делувајќи како магнет за апсорпција на нечистотиите. Особеноста на овој производ лежи во неговата комбинација на состојки за прочистување како хималајска розова сол (богата со 80 минерали) која помага во извлекување на нечистотиите од порите, и каолин (глина) која го апсорбира вишокот маснотија. Дополнително, папаин (ензим од папаја) и оцет (Vinegar) обезбедуваат нежен ензимски пилинг, отстранувајќи ги мртвите клетки за помека и посјајна кожа. Се разбира, екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е тука за да ја заштити и смири кожата, правејќи го чистењето безбедно дури и за чувствителните типови кожа.
Овој чистач е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа, особено за оние кои имаат проблеми со затнати пори, акни и прекумерно лачење на себум. Тој е идеален избор за длабинско, но нежно чистење, кое не ја нарушува бариерата на кожата.
Клучни придобивки:
- Длабински ги чисти порите и ги отстранува остатоците од кремот за сонце и себумот.
- Го регулира создавањето на себум.
- Ефикасно ја апсорбира вишокот маснотија со каолин и хималајска сол.
- Обезбедува нежна ензимска ексфолијација со папаин и оцет.
- Ја смирува и штити кожата со Centella Asiatica.
- Остава кожата да се чувствува чиста, мазна и без затегнување.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја штити и смирува кожата, намалувајќи ги воспаленијата.
- Хималајската розова сол е богата со минерали (80 минерали) кои помагаат во извлекување на нечистотиите од внатрешноста на порите.
- Каолинот е вид на глина која активно го апсорбира вишокот себум и површинската нечистотија.
- Папаинот е ензим добиен од папаја кој овозможува блага ензимска ексфолијација на мртвите клетки на кожата.
- Pyrus Malus (јаболко) Fruit Extract и Vinegar (оцет) се екстракт од јаболко и оцет кои ја поддржуваат нежната ексфолијација и ја обновуваат текстурата.
- Екстрактот од лист на алое вера, сорбитолот и глицеринот се состојки кои спречуваат сушење и ја одржуваат влажноста на кожата по чистењето.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремастата паста на влажни дланки. Тријте ги дланките за да создадете богата, кремаста пена. Нежно масирајте го лицето со пената, фокусирајќи се на Т-зоната и деловите со проширени пори. Темелно исплакнете со млака вода.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Fresh Ampoule 30ml
650 денOriginal price was: 650 ден.455 денCurrent price is: 455 ден.Skin1004 Poremizing Fresh Ampoule е идеалното решение за масна, комбинирана и чувствителна кожа склона кон проширени пори и заглавени нечистотии. Формулирана со хималајска розева сол богата со 80 минерали и 9 пептиди, оваа ампула нежно ги прочистува порите и ја подобрува еластичноста на кожата.
Ампулата има лесна текстура со минимално присуство на масла, што овозможува брза апсорпција без лепливост и со освежувачки финиш.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Погодна е за мрсна, нормална и комбинирана кожа.
Придобивки:
- Длабински ги прочистува порите и ја намалува нивната видливост.
- Ја поттикнува синтезата на колаген и ја подобрува еластичноста.
- Ја смирува и хидрира кожата без затнување на порите.
Главни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella аsiatica еxtract 5,150 ppm) ја смирува кожата, ја поттикнува регенерацијата и ја штити од слободни радикали.
- Хималајска розева сол природно ги отстранува нечистотиите од порите и ја освежува кожата.
- Екстрактот од алое (Aloe barbadensis leaf extract 10,000 ppm) смирува и длабински хидрира.
- Комплексот од 9 пептиди (9-Peptide Complex) ги зајакнува колагенот и еластинот за поцврста и затегната кожа.
Начин на употреба: Нанесете со капалка соодветна количина на чиста кожа и нежно тапкајте за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Light Gel Cream 75ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.973 денCurrent price is: 973 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Light Gel Cream е ултра-лесен гел-крем кој обезбедува моментален ефект на ладење и длабинска хидратација, додека истовремено работи на стеснување на проширените пори и контрола на себумот. Со својата гел-конзистенција на водена база , овој корејски крем се апсорбира брзо, оставајќи мазен, нежен и росен финиш без лепливост или прекумерна сувост.
Формулата е моќна комбинација која вклучува екстракт од алое вера и екстракт од азиска центела од Мадагаскар за смирување и хидратација, а исто така содржи ниацинамид и аденозин кои придонесуваат за подобрување на еластичноста на кожата, осветлување на темните дамки и стеснување на порите. Хималајската розова сол и каолинот помагаат во чистење на нечистотиите во порите, додека екстрактите од хамамелис (Witch Hazel) и чемпрес (Cypress) дополнително ја смируваат и ја ладат чувствителната кожа.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој гел-крем е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која има проблеми со проширени пори, црвенило и прекумерно лачење на себум. Тој е идеален за секој што бара лесна формула која ефикасно ги нормализира лојните жлезди и обезбедува матирачки, но хидриран изглед во текот на целиот ден.
Клучни придобивки:
- Обезбедува инстантен ефект на ладење и длабока хидратација.
- Ефикасно помага во стеснување на проширените пори и подобрување на еластичноста.
- Ја нормализира работата на лојните жлезди и ја контролира продукцијата на себум.
- Го осветлува тенот и ги редуцира темните дамки (со ниацинамид).
- Има смирувачко дејство и ја ублажува црвенилото.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е чист екстракт од центела од Мадагаскар која го смирува црвенилото, ја намалува иритацијата и ја регенерира кожата.
- Aloe Barbadensis Leaf Extract (екстракт од алое вера) обезбедува интензивна хидратација и смирување.
- Ниацинамидот (витамин Б3) ја осветлува кожата, го изедначува тенот, ги намалува порите и ја зајакнува бариерата.
- Аденозинот е моќна анти-ејџ состојка која ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата.
- Хималајската розова сол и каолинот помагаат во отстранување на нечистотиите во порите, спречувајќи нивно проширување.
- Hamamelis Virginiana (Witch Hazel) Leaf Water и Chamaecyparis Obtusa Water се вода од вештерка леска и екстракт од чемпрес кои ја ладат и ја смируваат чувствителната кожа.
- Трите типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна тежина обезбедуваат повеќеслојна хидратација.
Начин на употреба: Како последен чекор од рутината за нега на кожа, нанесете соодветна количина од гел-кремот на лицето. Нежно тапкајте со двете дланки додека производот целосно не се апсорбира. Може да се користи наутро и навечер.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask 27g
1.226 денOriginal price was: 1.226 ден.858 денCurrent price is: 858 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.
Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.
Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.
Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.
Клучни придобивки:
- Лесно и чисто нанесување благодарение на форматот на стик.
- Длабински ги чисти порите и ги апсорбира себумот и комедоните (со 5 типа глина).
- Ја намалува видливоста на себацеозните филаменти.
- Обезбедува блага физичка ексфолијација со прав од црвен грав.
- Ја смирува чувствителната кожа со екстрактите од азиска центела од Мадагаскар и алое вера.
- Го задржува нивото на влажност со 30% хидратантна есенција.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract (4,9%) е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја смирува и регенерира чувствителната кожа.
- Каолинот (8%), бентонитот, илитот, минтморилонитот и каламино се 5 видови глина кои ефикасно ги чистат затнатите пори и го апсорбираат вишокот себум.
- Phaseolus Angularis Seed Powder е прав од црвен грав кој служи како фин, нежен ексфолијант за отстранување на мртвите клетки.
- Хималајска розова сол која содржи 80 минерали помага во прочистување на порите.
- Aloe Barbadensis Leaf Extract е екстракт од алое вера кој дополнително ја хидрира и ја смирува кожата за време на чистењето.
- Каламинот е состојка која помага во смирување на иритацијата.
Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Intesive Ampoule 50ml
1.283 денOriginal price was: 1.283 ден.898 денCurrent price is: 898 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Intensive Ampoule е интензивна ампула (серум) за обновување на бариерата на кожата
Тоа е високо концентрирана ампула дизајнирана за да обезбеди интензивно смирување, хидратација, цврстина и сјај на кожата. Овој корејски серум ја користи патентираната Probio-Cica формула која комбинира ферментиран екстракт од Centella Asiatica (вклучувајќи TECA) и церамиди (Ceramide NP) за да ја зајакне и обнови оштетената заштитна бариера на кожата.
Текстурата на ампулата е млечна и густа, но неверојатно брзо се апсорбира во кожата, оставајќи свиленкаст и сјаен финиш без леплив остаток. Формулата содржи церамиди, фитостероли и масни киселини формулирани во златен сооднос 3:1:1, што е оптимален однос за ефективно заклучување на влагата во кожата. Ферментираниот екстракт од центела од Мадагаскар има и пробиотско и антибактериско дејство кое ја намалува иритацијата и ја одржува здравата микробиома на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ампула е наменета за сува, нормална и комбинирана кожа, а особено е корисна за кожа која е чувствителна, иритирана или има потреба од зајакнување на еластичноста и регенерација. Таа е идеална за постигнување здрава, сјајна и мека кожа.
Клучни придобивки:
- Интензивно ја зајакнува кожната бариера со церамиди и липиди во оптимален златен сооднос.
- Обезбедува максимално смирување и регенерација со ферментиран екстракт на Centella Asiatica од Мадагаскар и TECA.
- Ја зголемува еластичноста и хидратацијата, оставајќи сјаен, нелеплив финиш.
- Делува пробиотски и ја зголемува отпорноста на кожата.
- Високо концентрирана формула која лесно се апсорбира.
Клучни состојки:
- Lactobacillus/Centella Asiatica Extract Ferment Filtrate е филтрат од ферментиран екстракт од центела која обезбедува максимален смирувачки ефект, ја одржува здравата бариера и има антибактериско дејство.
- Церамид NP, фитосфингозин и сукроза дистеарат се липидни компоненти формулирани во златен сооднос кои ефикасно ја зајакнуваат и ја обновуваат кожната бариера.
- Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азиатичната киселина се клучни деривати од центела (TECA) кои интензивно ја смируваат, ја регенерираат и ја хидрираат кожата.
- Ниацинамидот (витамин Б3) ја подобрува еластичноста и го осветлува тенот.
- Пантенолот, алантоинот и натриум хијалуронатот се состојки кои обезбедуваат длабинска хидратација и омекнување на кожата.
- Аденозинот е функционална состојка која работи на подобрување на еластичноста и намалување на брчките.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата со помош на пипетата директно на чисто лице. Рамномерно нанесете ја на кожата и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете апсорпцијата. Користете по тонер, а пред хидратантен крем.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Nourishing Mask 22ml
143 денOriginal price was: 143 ден.100 денCurrent price is: 100 ден.SKIN1004 Probio-Cica Nourishing Mask е хранлива лист-маска која длабински ја негува и зајакнува кожната бариера. Формулирана со ферментиран екстракт од азиска центела од Мадагаскар, комплекс од 9 пептиди и церамиди, оваа маска интензивно хидрира, ја зацврстува кожата и ја штити од губење на влага.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Ферментираната центела овозможува подобра апсорпција на активните состојки и помага во смирување и обновување на иритирана кожа. Комплексот од пептиди ја зголемува еластичноста и придонесува за цврста и подмладена кожа, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и спречуваат дехидрација.
Со својата богата млечна есенција и ултрамек материјал кој совршено се прилепува, маската овозможува длабока нега без лепливост, оставајќи ја кожата мазна, сјајна и хидрирана. Идеална е за сува, нормална, комбинирана и осетлива кожа.
Придобивки:
- Длабока хидратација и интензивно хранење.
- Зацврстување и подобрување на еластичноста.
- Јакнење на кожната бариера и спречување на губење на влага.
Како се користи: По чистење на лицето нанеси тоник за подготовка на кожата. Отвори ја маската и постави ја рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и устата. Остави да делува 10-20 минути. Потоа отстрани ја и со нежни тапкања втриј го остатокот од есенцијата додека целосно не се апсорбира
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica B5 Cream 75ml
1.416 денOriginal price was: 1.416 ден.991 денCurrent price is: 991 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica B5 Cream 75ml e смирувачки крем за проблематична или мрсна кожа.
Тоа е мултифункционален вегански крем со лесна текстура специјално дизајниран за интензивна нега на проблематична и мрсна кожа склона кон акни. Овој корејски крем комбинира моќни антибактериски состојки со смирувачки компоненти за да ја врати рамнотежата на кожата и да го спречи појавувањето на нови несовршености. Со својата лесна формула, тој обезбедува длабока хидратација без тежина, оставајќи го лицето свежо и без несакан сјај и без да ги затне порите.
Клучот на неговата ефикасност лежи во 5% пантенол (витамин Б5) и патентираниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Оваа комбинација моментално ја намалува чувствителноста и воспаленијата, додека истовремено ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Кремот е идеален за секојдневна употреба бидејќи брзо се впива, го контролира вишокот себум и помага во побрза регенерација на кожата оштетена од акни.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој производ е совршен за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, нудејќи решение за оние кои бараат ефикасен третман кој истовремено ја навлажнува и ја смирува иритираната кожа.
Клучни придобивки:
- Овој крем овозможува моментално и интензивно смирување на воспалената кожа благодарение на високата концентрација на чајно дрво и центела.
- Формулата со 5% пантенол обезбедува длабока хидратација и ја заштитува кожата од надворешни иритации без да остави леплива трага.
- Производот активно помага во регулирање на лачењето на себум и ја контролира неговата прекумерна продукција во текот на денот.
- Специјалните цика егзозоми (Cica Exosomes) во составот помагаат во побрза регенерација и обновување на оштетената кожа.
- Лесната текстура се апсорбира без напор и ја остава кожата мазна, свежа и со здрав сјај.
Клучни состојки:
- Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) е застапена со висок процент и делува како природен антисептик кој ги смирува акните и воспаленијата.
- Пантенолот (витамин Б5) во концентрација од 5% ја зајакнува бариерата на кожата и ја задржува влажноста во подлабоките слоеви.
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е клучен за смирување на црвенилото и забрзување на процесот на заздравување на кожата.
- Церамид NP работи на подобрување на еластичноста и ја зајакнува отпорноста на кожата кон надворешни агресори.
- Ниацинамидот помага во изедначување на тенот и видливо го намалува појавувањето на проширени пори.
- Хијалуронската киселина обезбедува неопходна влажност која помага во одржување на оптимално ниво на хидратација.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте со дланките за да овозможите подобра апсорпција во кожата. Користете го наутро и навечер за најдобри резултати.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica BHA Foam 125ml
941 денOriginal price was: 941 ден.659 денCurrent price is: 659 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica BHA Foam е специјализирана пена за миење лице која обезбедува длабинско прочистување на порите и ефикасна борба против акните.
Овој корејски чистач комбинира БХА (салицилна киселина) со антибактериското дејство на чајното дрво за да ги отстрани мртвите клетки и вишокот себум кои се главни причинители за појава на воспаленија. Неговата веганска формула е дизајнирана да ги смири иритациите додека ја остава кожата чиста и свежа. Текстурата на производот е во вид на кремаста паста со суптилен мирис на чајно дрво, која во допир со вода се претвора во густа и мека пена. Оваа пена овозможува темелно отстранување на нечистотиите без да остави чувство на лепливост или прекумерна затегнатост. Со редовна употреба, овој чистач помага во нормализација на работата на лојните жлезди и го спречува повторното појавување на несовршености, правејќи го идеален за секојдневна рутина на масна кожа.
Клучот на неговата ефикасност лежи во патентираниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Оваа комбинација моментално ја намалува чувствителноста и воспаленијата, додека истовремено ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Кремот е идеален за секојдневна употреба бидејќи брзо се впива, го контролира вишокот себум и помага во побрза регенерација на кожата оштетена од акни.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 Tea-Trica чистач е наменет за кожа склона кон акни, мрсна и чувствителна кожа која има потреба од нежна ексфолијација и интензивно смирување на воспалителните процеси.
Клучни придобивки:
- Оваа пена обезбедува длабинско чистење на порите преку отстранување на вишокот себум и нечистотии кои се акумулираат во текот на денот.
- БХА киселината во составот овозможува нежна ексфолијација на мртвите клетки на кожата и помага во спречување на појавата на комедони.
- Смирувачкиот комплекс со чајно дрво и центела ефикасно ги намалува воспалителните процеси и го спречува нивното повторно појавување.
- Производот помага во нормализација на работата на лојните жлезди и обезбедува матирачки ефект на кожата без да предизвика иритација. Со регулирање на создавањето на себум во порите го намалува зголемениот изглед на порите.
- Густата и мека пена овозможува освежувачка завршница која ја остава кожата чиста, мека и освежена.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар ја смирува иритираната кожа и го поттикнува процесот на нејзино заздравување.
- Водата и маслото од лист на чајно дрво (Tea Tree) имаат силно антибактериско дејство кое помага во борбата против акните и го регулира себумот.
- Салицилната киселина (BHA) во концентрација од 4.500 ppm продира длабоко во порите за да ги отстрани насобраните маснотии и нечистотии.
- Екстрактот од иглички од бор (Pinus Palustris) и водата од чемпрес (Chamaecyparis Obtusa) помагаат во освежување на тенот и стеснување на проширените пори.
- Глицеринот во составот се грижи за одржување на хидратацијата на кожата за време на чистењето за да се избегне чувството на прекумерна сувост.
- Екстрактот од неем (Melia Azadirachta) дополнително го засилува антиинфламаторното дејство и помага во детоксикација на епидермисот.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од производот на мокри дланки и тријте ги за да создадете богата пена. Нежно масирајте го целото лице со кружни движења, а потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете како втор чекор во вашето двојно чистење или како главен чистач во утринската рутина.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner 210ml
1.321 денOriginal price was: 1.321 ден.925 денCurrent price is: 925 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner e прочистувачки тонер за балансирана и чиста кожа.
Овој тонер е препорачан чекор во рутината за секој кој се бори со мрсна кожа и чести воспаленија.
Овој корејски тонер е специјално креиран за да ја прочисти кожата, да го отстрани вишокот себум и да го изедначи тенот без да предизвика иритација. Неговата водена и лесна текстура се апсорбира речиси моментално, оставајќи го лицето свежо, хидрирано и подготвено за следните чекори од негата. Она што го прави овој тонер исклучително ефикасен е комбинацијата на БХА (салицилна киселина) и моќниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Тој дејствува директно на порите, каде го регулира создавањето на себум, ги отстранува мртвите клетки со што го спречува затнуваето на порите и го спречува создавањето на комедони и нови акни преку длабинско чистење на нечистотиите.
Со редовна употреба, овој тонер помага во воспоставување на идеална рамнотежа помеѓу мастите и влагата во кожата, што резултира со посветол и помазен изглед на лицето. Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 прочистувачки тонер е клинички тестиран како хипоалерген и не-комедоген производ, што го прави совршен избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, вклучувајќи ги и најчувствителните типови.
Клучни придобивки:
- Овој тонер ефикасно ги отстранува мртвите клетки и вишокот себум, со што ја прави кожата помазна и помалку масна.
- БХА киселината во составот помага во темелно одзатнување на порите и спречува акумулација на нови нечистотии.
- Tea-Trica комплексот кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар овозможува брзо смирување на иритациите и ги намалува воспалителните процеси.
- Специјалниот CS-Sebum cleaner комплекс го регулира лачењето на маснотии во текот на денот за поздрав изглед на тенот.
- Лесната водена формула обезбедува освежувачка завршница без никаква лепливост или чувство на тежина на лицето.
Клучни состојки
- Водата од лист на чајно дрво (126,900 ppm) делува како моќен природен антисептик кој ги третира воспаленијата и помага во отстранување на акните.
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е клучен за смирување на чувствителната кожа и за зајакнување на нејзината природна бариера.
- Pine Tree комплексот (екстракт од бор и вода од чемпрес) има силни антиинфламаторни својства кои го намалуваат црвенилото на кожата.
- Салицилната киселина (BHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која е клучна за кожа склона кон митесери и неправилности.
- Екстрактот од лаванда и костен (CS-Sebum cleaner) помагаат во природно контролирање на себумот и ги затегнуваат проширените пори.
- Лимонската киселина (Citric Acid) придонесува за балансирање на pH вредноста и дополнително го осветлува тенот.
Начин на употреба: По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучен тупфер или директно на дланките. Нежно поминете преку целото лице во насока на текстурата на кожата или тапкајте со прстите додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува за употреба во утринската и вечерната рутина.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask 24ml
143 денOriginal price was: 143 ден.100 денCurrent price is: 100 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask е лист-маска специјално дизајнирана за смирување на иритирана, мрсна и кожа склона на акни. Богата со комплекс од чајно дрво, азиска центела од Мадагаскар и салицилна киселина, оваа маска помага да се намалат воспаленијата, да се исчистат порите и да се регулира вишокот себум.
Лесната и освежувачка есенција брзо се апсорбира без лепливост, додека кожата останува балансирана.
Придобивки:
- Смирување на воспаленија и црвенило кај чувствителна и кожа склона на акни.
- Чистење и минимизирање на порите со контрола на себумот.
Главни состојки:
- Tea Tree Extract ја смирува и ја освежува проблематичната кожа.
- Centella Asiatica Extract, го поддржува обновувањето и зајакнува кожната бариера.
- Salicylic Acid (BHA), делува со нежна ексфолијација за одзатнување на порите и превенција на акни.
Tea-Trica Relaxing Mask е идеално решение за оние што сакаат чиста, смирена и балансирана кожа без вишок масло и несакани нечистотии.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Cleansing Gel Foam 125ml
941 денOriginal price was: 941 ден.659 денCurrent price is: 659 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Cleansing Gel Foam e пена за миење лице со гел текстура која истовремено нежно ја чисти и ја осветлува кожата. Благодарение на богатата формула со активни состојки, оваа хидратантна гел-пена ги отстранува нечистотиите и мртвите клетки без да ја суши кожата, оставајќи ја мазна, свежа и сјајна.
Збогатена е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Нежно ја чисти кожата со богата, хидратантна пена.
- Ја балансира pH вредноста за зајакнување на кожната бариера.
- Го изедначува тенот и ја намалува појавата на дамки.
- Прави блага ексфолијација за посветла и помазна кожа.
- Ја подобрува апсорпцијата на активните состојки од следните чекори во рутината.
Погодна за нормална, комбинирана и чувствителна кожа
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella Asiatica Extract) е богат со мадекасинска киселина и азиатикозид кои ја смируваат кожата, поттикнуваат синтеза на колаген и го забрзуваат обновувањето.
- Ниацинамидот го изедначува тенот и помага во намалување на хиперпигментации и темните дамки.
- 3-O-Ethyl ascorbic acid e dериват на витаминот Ц, кој го подобрува тенот и ја штити кожата од слободни радикали со помала иритација.
- Лимонската киселина (Citric аcid) е природна AHA киселина што нежно ги отстранува мртвите клетки.
- Madewhite™ е патентирана природна активна состојка која помага во намалување на темните дамки и обезбедува природен сјај.
Начин на употреба: Нанеси соодветна количина од производот на влажни дланки и истриј ги за да создадеш пена. Нежно масирај го лицето и исплакни со млака вода.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Glow Mask 25ml
143 денOriginal price was: 143 ден.100 денCurrent price is: 100 ден.Skin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Glow Mask е маска за лице која овозможува природно осветлување и изедначување на тенот, додека ја смирува и хидрира кожата. Формулирана со екстракт од чиста Centella Asiatica од Мадагаскар, во комбинација со ниацинамид и транексамична киселина, оваа маска таргетира темни дамки, хиперпигментации и нерамномерен тон.
Со патентираната состојка MadeWhite™, ниацинамид и витамин Ц дериват (3-O-Ethyl Ascorbic Acid), овозможува осветлување на кожата и го намалува појавувањето на нови флеки. Маската е благо кисела за да го одржува pH балансот, додека ткаенината од микрофибер лесно се прилагодува на кожата, овозможувајќи удобна и ефективна нега.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Видливо осветлување и подобрување на тенот
- Намалување на темни дамки и пеги
- Смирување и зајакнување на кожната бариера
Погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна.
Како се користи: Нанесете ја маската на чисто и тонирано лице, избегнувајќи ги очите и усните. Оставете ја 10-20 минути, потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.