1.390 ден Original price was: 1.390 ден.1.321 денCurrent price is: 1.321 ден.
1.390 ден Original price was: 1.390 ден.1.321 денCurrent price is: 1.321 ден.
AIPPO Cicavita Soothing Pad се нежни тоник падови создадени за секојдневна нега на чувствителна, иритирана и уморна кожа. Формулата со центела, ниацинамид и бета-глукан помага кожата да се смири, освежи и хидрира, оставајќи ја помека, посвежа и поизбалансирана.
Придобивки:
Начин на употреба:
По чистење на лицето, нежно поминете со падот по кожата, избегнувајќи ја областа околу очите. Може да се користи наутро и навечер. Не се плакне. Продолжете со серум или крем.
Зголемете ја ефикасноста на вашата рутина за нега и додадете го природниот тонер во спреј за навлажнување и нега на кожата, 𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
Тоа е производ со едноставна формула од само 8 состојки, кој не предизвикува иритација. На навлажнува, балансира и заштитува кожата.
Камилицата и алантоинот делуваат на смирување и заздравување на кожата, како и на намалување на порите.
Тоа е балансирачки тонер кој ја балансира pH вредноста на кожата по чистењето. Нормалната pH вредност е многу важна за одржување на здрава кожа и спречување на појава на акни.
Овој тонер ја подготвува кожата за подобра апсорпција на серумите и кремите од чекорите за нега кои следуваат. Со тоа се зголемува ефикасноста на сите производи од рутината, бидејќи кожата подобро ги апсорбира.
Со прскање на овој тонер во спреј (мист) кожата веднаш се освежува и добива поголем сјај. Резултатот е свежо лице, со здрав сјај.
Ја подобрува подлогата за шминка, со што шминката подобро се прилагодува на кожата без да се згрутчува со текот на времето.
Безбеден е за сите типови кожа.
БЕНЕФИТ:
▪️ Ја балансира pH вредноста на кожата по чистењето
▪️ Ја подготвува кожата за подобра апсорпција на производите за нега
▪️ Освежува и ревитализира
▪️ Ја подобрува природната заштитна бариера на кожата и ја задржува влажноста
▪️ Ги намалува порите
▪️ Ги смирува иритацијата и црвенилото
▪️ Ја подобрува подлогата за шминка