1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
FAEBEY Glowclear Spot Control Gel е таргетиран гел наменет за кожа склона кон акни, црвенило и неправилности. Формулата помага во смирување на кожата, намалување на видливоста на несовршености и подобрување на изгледот на проблематичните зони, без да ја отежнува кожата.
Придобивки:
Начин на употреба: Нанесете мала количина директно на проблематичните зони на чиста и сува кожа. Користете навечер или според потреба. Избегнувајте предел околу очи и не нанесувајте на оштетена кожа. Во текот на денот користете заштита од сонце.
AC7 Spot Serum е серум на корејскиот бренд Tisha ефикасен во отстранување на различните видови акни, со кој корисниците забележуваат значително подобрување по само една недела, до целосно отстранување на акните по 3 месеци употреба.
Погледнете ги на вториот слајд резултатите кај момче тинејџер кое го користеше Tisha AC7 Spot Serum секоја вечер во текот на 3 месеци.
На што се должи ефикасностa на Tisha AC7 Spot Serum?
Содржи комплекс од 11 клучни внимателно одбрани состојки ефикасни во борбата против акните, како салицилна, масло од чајно дрво, ниацинамид и екстракт од центела. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против акните е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата која ја создаваат лузните или инфекциите и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Кога козметичките производи со Phytosilica се нанесуваат и се втриваат во кожата, микроигличките прават микропроцепи во кожата и ги доставуваат активните состојки до најдлабоките слоеви на епидермисот со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
Слично на третманите со дермапен и дермаролер, производите со Phytosilica микроиглички го стимулираат природниот механизам на обновување на кожата.
Phytosilica микроигличките се невидливи за човечкото око. Благодарение на нивната мала димензија, козметичките производи на база на овој биоматеријал не предизвикуваат непријатно чувство при употребата.
Оваа технологија е регистрирана како безбедна во повеќе земји во светот, вклучително и EU и е одобрена од повеќе национални задравствени организации, како и американската FDA.
Опис:
Млекото за нега на кожата Anua Peach со 77% ниацин е чудо за нега на кожата, дизајнирано да ја редефинира вашата дневна рутина за убавина. Со импресивна концентрација од 77% на екстракт од овошјето Prunus Persica (праска), збогатено со церамид и три различни видови хијалуронска киселина, ова млеко за нега претставува моќен еликсир, зајакнувајќи ја природната бариера на влага на вашата кожа. Неговото моќно хидрирање ја остава вашата кожа не само еластична, туку и извонредно подмладена, давајќи и’ свеж и ревитализиран изглед. Збогатено со витамин Б12 и ниацинамид, овoj бисер за нега на кожата не служи само за влажност. Тоа е многунаменско решение кое ги таргетира нерамните тонови на кожата, а воедно ги намалува фините линии и промовира целокупен ревитализирачки ефект. Оваа млечна формула е повеќе од хидратантен агенс – таа е шампион за смирување на кожата кој не остава никакви масни траги. Строги тестови за иритација на кожата ја гарантираат нејзината соодветност дури и за најчувствителните и суви типови кожа, ветувајќи свеж, здрав сјај кој е и нежен и трансформативен.
Препорачано за: Сите типови кожа, а посебно за сува и чувствителна кожа.
Начин на употреба: Нанесете умерена количина на кожата, избегнувајќи ги областите околу очите/устата и нежно тапкајте со дланките за подобра апсорпција.