1.199 ден Original price was: 1.199 ден.899 денCurrent price is: 899 ден.
Нема на залиха
Уживајте во задоволството од чистењето на вашето лице со луксузна кремаста пена на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔, 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿.
𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 му дава на чистењето на лицето нова димензија, додека богатата пена со нежни меурчиња ја гали кожата, природниот пријатен мирис го зголемува уживањето.
Ефикасно и со леснотја ја отстранува шминката и сите нечистотии што се таложат на кожата на лицето во текот на денот, без да ја наруши заштитната бариера на кожата и без да предизвика чувство на сувост и затегање. По чистењето кожата ја остава свиленкасто нежна и добро хидрирана.
Направен со органски екстракт од роза (Rosa damascena), содржи 23% ECOCERT сертифицирани органски сосојки и 83% природни состојки.
Екстрактот од роза и екстрактот од шипинка имаат моќно антиоксидантно и антиејџ дејство.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.
Производот е вегански и cruelty-free.
1.199 ден Original price was: 1.199 ден.899 денCurrent price is: 899 ден.
Нема на залиха
MEDICUBE Zero Pore Blackhead Deep Cleansing Oil 205ml е масло за длабинско чистење создадено за ефикасно отстранување на шминка, сончање, вишок себум и нечистотии наталожени во порите. При контакт со вода маслото се претвора во млечна емулзија која лесно се плакне.
Формулата е базирана на комплекс од растителни масла, вклучувајќи Soybean, Grape Seed, Olive, Jojoba, Argan и Rice Bran Oil. Capryloyl Salicylic Acid (LHA) помага во негата на затнатите пори и мртвите клетки, додека Niacinamide, Allantoin и Centella компоненти ја надополнуваат негата на кожата.
Бенефити:
• Ефикасно отстранува шминка и сончање
• Го отстранува вишокот себум
• Помага во длабинско чистење на порите
• Придонесува за намалување на изгледот на митесерите
• Содржи LHA за нежна ексфолирачка нега
• Содржи Niacinamide
• Богато со повеќе растителни масла
• Allantoin и Centella компонентите обезбедуваат смирувачка нега
• Sodium Hyaluronate помага во одржување на хидратацијата
• При контакт со вода се претвора во лесна млечна емулзија
• Ја остава кожата мека и освежена
Начин на употреба:
Нанесете 2–3 пумпи на суви дланки и нежно масирајте го маслото на суво лице со кружни движења. Додадете мала количина вода и продолжете со масирање додека маслото не се претвори во млечна емулзија. Темелно исплакнете со млака вода. По желба продолжете со чистач на водена база како втор чекор од double cleansing рутината.