1.140 ден
Нема на залиха
Aromatica Soothing Aloe Aqua Cream е крем без мирис и боја кој е погоден за нега на чувствителна и иритирана кожа. Органскиот алое вера екстракт гелкој е дел од формулата на овој лесно впивлив крем, ја навлажнува и смирува кожата. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.
Овој крем е сертифицирано вегански и е направен од 95% природни состојки. Содржи 83% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат, церамиди, вода од лаванда, хидролизирани гликозаминогликани, екстракт од рузмарин и екстракт од камилица. Производот има EWG VERIFIED™ сертификат.
⠀
Церамидите се состојка со докажано анти-ејџинг дејство, помоќно од она на ретинолот, ниацинамидот и пептидите. Помагаат во зајакнувањето на заштитниот слој на кожата, зголемување на хидратацијата и постигнување на помазна, позатегната и поцврста кожа со помалку видливи линии и брчки.
⠀
Водата од лаванда има антиинфламаторно и терапевтско дејство.
⠀
Гликозаминогликаните (GAG) познати како мукополисахариди, помагаат за поддршка и одржување на структурните протеини на кожата како што се колагенот и еластинот. Нивните молекули врзуваат големо количество вода и на кожата ѝ даваат длабинска и богата хидратација, со што ја спречува појавата на нови брчки.
⠀
Екстрактот од рузмарин е антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали. Тој ја снабдува кожата со железо, калциум и витамини.
⠀
Екстрактот од камилица има антиинфламаторно, антифугално, антибактериски и антиоксидантно дејство.
⠀
Овој производ е вегански и Cruelty Free, не содржи парабени, силикони, сулфати, фталати, PEG, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
⠀
Состав: *екстракт од лист од Aloe barbadensis, глицерин, бутилен гликол, каприлилен/капрински триглицерид, вода, *вода од лист од Rosmarinus officinalis, вода од Lavandula angustifolia, 1,2-хександиол, пропандиол, етилхексилглицерин, екстракт од Verbena officinalis, екстракт од лист од Rosmarinus officinalis, екстракт од цвет од Chamomilla recutita, акрилати/с 10-30 алкил акрилат кросполимер, аргинин, полиглицерил-3 метилоглукоза дистеарат, хидролизирани гликозаминогликани, церамид NP, полисахарид од семе од Tamarindus indica. *сертифицирано органски.
1.140 ден
Нема на залиха
Дали сте во потрага по крем за 24/7 хидратација?
Ви го препорачуваме 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, лесен за употреба преку ден, но доволно хранлив за употреба во текот на ноќта. Содржи моќни состојки кои ги отстрануваат брчките и ја спречуваат појавата на нови.
Клучни состојки:
▪️ слуз од полжав
▪️ хијалуронска киселина
▪️ трипептиди
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ пантенол
▪️ екстракт од азиска центела
▪️ екстракт од женшен
Оваа извонредна листа на состојки на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 зборува многу за неговото дејство.
Формулиран со слуз од полжав која помага во репарирање на оштетувањата на кожата, хијалуронска киселина за хидратација и надополнување на нивото на влага во кожата, зелен чај за заштита од слободните радикали, пептиди кои помагаат во зајакнување, зацврстување и подобрување на еластичноста на кожата, пантенол и азиска центела кои помагаат во смирување на кожата и екстракт од женшен кој ја спречува појавата на брчки.
Овој крем обезбедува оптимална хидратација за кожата, ѝ помага природно да се обнови и ги враќа природните свежина и сјај со секое нанесување.
Следете како изгледаат фините линии, брчките, хиперпигментацијата и лузните и забележете како исчезнуваат со редовната употреба. Овој ултра-мек крем ја подмладува и обновува кожата за здрав, помладешки изглед и блескав тен.