950 ден
Нема на залиха
950 ден
Нема на залиха
Medicube PDRN Booster Gel е иновативен хидратантен гел кој ја обновува и зајакнува кожата, оставајќи ја мазна, еластична и блескава. Формулиран со PDRN (Polydeoxyribonucleotide), овој гел го поттикнува природното регенерирање на кожата, помагајќи во обновата на оштетените клетки и зајакнување на заштитната бариера.
Хијалуронската киселина овозможува долготрајна хидратација со привлекување и задржување на влагата во кожата, додека ниацинамидот го подобрува тенот и ја намалува иритацијата. Екстрактот од Centella Asiatica делува смирувачки, го намалува црвенилото и придонесува за урамнотежен изглед на кожата.
Благодарение на формулата со седум вида пептиди, овој гел ја враќа еластичноста и помага во обновата на нарушената кожна бариера. Лесната текстура овозможува брза апсорпција, оставајќи ја кожата нежна и освежена.
Со редовна употреба, Medicube PDRN Booster Gel овозможува видливо подобрување на текстурата и здравиот сјај на кожата.
Како да се користи: нанесете умерена количина на чиста кожа и нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Погоден за сите типови кожа, особено за чувствителна и дехидрирана кожа која има потреба од смирување и обновување.
Со текот на времето, кожата губи влажност и масло, што доведува до појава на ситни брчки и дисбаланс во лачењето на себум. Оваа нерамнотежа може да предизвика воспаленија и проширени пори. Beauty of Joseon го претставува Red Bean Water Gel, лесен хидратантен гел дизајниран специјално за кожа со зголемено лачење на себум, овозможувајќи ѝ на кожата интензивна влажност без чувство на маснотија.
Формулата содржи 44% екстракт од црвен грав, богат со сапонини кои ја регулираат себумската секреција и помагаат во прочистување на порите. Дополнително, комбинацијата од три вида пептиди го поддржува здравјето на кожата, помагајќи во подобрување на еластичноста и намалување на фините линии.
Beauty of Joseon Red Bean Water Gel претставува совршена комбинација на традиционална корејска нега и модерна дерматолошка наука – лесен, но ефикасен хидратантен гел кој ја штити, балансира и храни кожата.
Sulfur 3% Clean Gel на By Wishtrend е моќен производ кој помогне во борбата против акните.
By Wishtrend e бренд сконцентриран на решавање на проблемите со акните. Така By Wishtrend дојде до сулфурот кој се покажа како многу ефиксана состојка. Иако тој интензивно помага во смирување на кожата, заради неговиот специфичен мирис и сушењето на кожата е состојка за која е потребен голем напор да се вгради во добра козметичка формула. By Wishtrend успеа во оваа мисија и го создаде Sulfur 3% Clean Gel, производ кој ефиксно и комфорно ги искористува бенефитите на сулфурот.
Sulfur 3% Clean Gel е хидратантен гел кој ја спречува појавата на акни, ги одзатнува порите и ги смирува постоечите акни.
Неговата главна состојка, колоидниот сулфур, продира длабоко во порите каде ја суши површината на кожата за да го апсорбира вишокот маснотии и ги суши мртвите клетки на кожата за да ги отпушти порите. Исто така, поради своите антиинфламаторни и антибактериски својства, ги чисти порите од бактерии кои можат да предизвикаат акни и го спречува развојот на нови бактерии на кожата.
Oвој производ вклучува и две хидратантни состојки натриум хијалуронат и токоферол за да се спречи сувост на кожата.
Се препорачува за оние кои имаат кожа склона кон акни и кај мрсна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
◻️ Колоиден сулфур
◻️ Натриум хијалуронат
◻️ Токоферол