729 ден
All In One е мултифункционален производ кој комбинира шампон, регенератор и гел за туширање. Совршен за мажи со динамичен животен стил, овој производ овозможува брза и ефикасна нега на косата и кожата.
Клучни предности:
Идеален за:
Мажи кои бараат практично решение за својата рутина за нега.
Како да се користи:
Нанесете на косата и кожата, масирајте и исплакнете со вода.
Заштедете време и постигнете совршена нега со All In One!
729 ден
За здрав и негуван скалп пробајте го иновативниот серум на корејскиот бренд Tisha кој го стимулира растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање.
▫️ Го спречува опаѓањето на косата предизвикано од стрес.
▫️ Го стимулира растот на косата.
▫️ Го зајакнува коренот на влакното.
▫️ Го негува скалпот.
Патентираната состојка, моќниот пептид, Biotinoyl Tripeptide-1 помага при опаѓањето на косата предизвикано од стрес. Благодарение на микроигличките од природен биоматеријал Phytosilica, активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата на скалпот и ефикасно го стимулираат растењето на косата.
Има здрава формула која не содржи никакви штетни состојки.
Не содржи парабени, PEG, минерални масла, глутен или вештачки бои.
На што се должи ефикасностa на Tisha SCALP7 Serum?
Содржи специјален пептид исклучително моќен во стимулирање на растот на косата и зајакнување на коренот. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против опаѓањето на косата е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm, кои не се видливи за човечкото око.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Постигнете помека и помазна кожа и спречете ја појавата на акни на лицето или телото со пилингот со гликолна и салицилна киселина на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗲 𝗔𝗻𝗱 𝗕𝗼𝗱𝘆 𝗦𝗰𝗿𝘂𝗯 𝗘𝟭 е производ за хемиски и механички пилинг кој е е интензивен кон нечистотијата, но доволно нежен за секојдневна употреба.
Гликолната и салицилната киселини помагаат да се исчистат затнувањата на порите и да се намалат проширени пори без да предизвикаат црвенило или иритација. Заедно со ситните зрца од јојоба ги отстрануваат вишокот маснотии од површината на кожата и мртвите клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гликолната киселина (2%) е алфа хидроксилна киселина (АHA) која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата која ги врзува.
Зрнцата од јојоба се ситни зрнца од природен восок и се користат за физички пилинг. Поблаги се со кожата од лушпите од орев или пемзата (вулкански туф), и попријателски кон околината од пластичните микрогранули. Тие се мазни и не предизвикуваат иритација. Исто така се разградливи и мазни и не предизвикуваат микропукнатини на кожата.
Салицилната киселина (1%) е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките на кожата и нејзино обновување со што ја прави мека и сјајна. Го раствора себумот што ги затнува порите и ги чисти порите.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.