1.690 ден
Ако барате природно и ефикасно решение против опаѓањето на косата, тука е новиот шампон на 𝗕𝗲𝗻𝘁𝗼𝗻, 𝗕𝗲𝗲𝗿 𝗬𝗲𝗮𝘀𝘁 𝗦𝗵𝗮𝗺𝗽𝗼𝗼.
Тоа е хипоалерген производ за балансирање на pH вредноста и нега на скалпот и косата. Нуди богата прихрана и нега благодарение на состојките добиени од свеж пивски квасец. Благодарение на процесот на ферментација се зголемува ефикасноста на состојќите и нивната моќ да продрат во кожата и косата.
За идеална свежина на скалпот состојките добиени од квасец се застапени во идеален сооднос и надополнети со ментол, биотин, кофеин и екстракт од црна соја. Оваа избалансирана мешавина на здрави состојки ја одржува здрава кожата на скалпот, а на косата ѝ ја дава потребната виталност и волумен.
Погоден за употреба кај:
Бенефит:
1.690 ден
Дали посакувате полни и свежи усни со привлечен сјај? Лесно ќе го постигнете посакуваниот ефект со Non-Sticky Dazzle Tint, мастилата за усни на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Благодарение на 8-те вида на хијалуронска киселина, усните добиваат волимен и полн изглед по само една минута од нанесувањето. Хијалуронската киселина ги снабдува усните со потребната влажност и ги одржува полни и свежи во текот на целиот ден.
Мешавината од природни масла ги одржува усните добро навлажнети спречувајќи да се губи водата. Тие ја снабдуваат кожата со потребните хранливи материи и се богати со витамини и минерали. Маслото од шипка е богато со витамините А, Ц и Е кои го спречуваат стареењет на кожата.
Скваланот го поттикнува создавањето на колаген во кожата одржувајќи ја поцврста и еластична, што ги прави усните пополни. Ја штити кожата од слободните радикали и го спречува нејзиното предвремено стареење.
𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 Non-Sticky Dazzle Tint мастилата за усни имаат лесна текстура и ви даваат чувство на удобност и меки усни во текот на денот. Достапни се во 8 нијанси со сјајна завршница.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
Тоа е нежен тонер за пилинг кој може да се користи секојдневно за да помогне во ексфолијација на мртвите клетки на кожата и е погоден за чувствителна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
PHA (Глуконолактон) ексфолира и ги отстранува мртвите клетки на кожата без да ја иритира кожата.
Екстрактот од Centella asiatica ja смирува кожата и го надополнува нивото на хидратација.
Богат со висококвалитетна Centella asiatica растена во чиста средина, обезбедува вистинска смирувачка нега. Прави благ пилинг со PHA без да предизвика иритација кај чувствителната кожа. Погоден е за чувствителна кожа, па дури и кожа склона кон акни. Има благо киселкасата pH вредност за да одговара на pH балансот на кожата.
Начин на употреба:
По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.
Heart Crush кармините на Holika Holika се достапни во 2 различни палети со 2 типа на завршници Melting и Velvet. Velvet кармините имаат црвена амбалажа и имаат пригушен кадифен сјај, како што посочува и нивното име. Доколку направиме паралела и ја споредиме завршницата на кармините Melting со сјајот на некоја ткаенина, можеме да кажеме дека имаат висок сјај како сатен.
Heart Crush кармините од двете линии Velvet и Melting имаат лесна кремасат текстура која лесно се нанесува на усните без чувство на сувост. Текстурата отпорна на допири пружа долготраен, извонредно свеж изглед на усните со само мало нанесување.
Одберете трендовска нијанса која ќе ви даде елегантен изглед според вашиот карактер. Но покрај трендовските нијанси, има уште нешто што ги прави овие кармини посебни, а тоа е нивниот состав.
За нега на усните, овие кармини содржат витамин Е и извонредна мешавина од природни масла познати по своето благотворно дејство врз кожата, меѓу кои арганово масло, шиа путер, масло од јапонска камелија, масло од бадем и масло од јојоба. Благодарение на ваквата формула, ги негуваат усните, ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата, го споречуваат губењето на влажноста и ги одржуваат усните добро хидрирани и меки во текот на целиот ден.
Воденeст лосион созелен чај кој пружа длабиска хидратација од ферментиран зелен чај.
Високо концентрираниот лосион е формулиран со преку 85% екстракт од зелен чај и помага во враќањето на влажноста на кожата, бидејќи пенетрира длабоко во кожата.
Клучни состојки:
– Чист ферментиран екстракт од зелен чај – Природно ферментиран зелен чај со високи анти -оксидантни и навлажнувачки придобивки за кожата, многу повеќе од свежиот зелен чај.
– Масло од лимонско семе – исполнето со антибактериски и антифунгални својства.
– масло од розово дрво – смирува и ревитализира.