1.450 ден Original price was: 1.450 ден.949 денCurrent price is: 949 ден.
Нема на залиха
1.450 ден Original price was: 1.450 ден.949 денCurrent price is: 949 ден.
Нема на залиха
За производот
Snail Bee High Content Steam Cream е висококонцентриран крем произведен со пареа. Технологијата на производство со помош на пареа ја зачувува ефикасноста на најмоќните состојки за нега кои ги содржи овој крем. Погоден е за сите типови на кожа, а особено за чувствителна кожа и кожа склона на акни. Ако имате многу чувствителна кожа, овој крем ќе биде Вашиот сојузник бр. 1.
Тој е богат со коктел од здрави и ефикасни состојки. Филтратот од слуз од полжав кој има регенеративни својства, пчелиниот отров кој е природен антисептик, пептидот sh-олигопептид-1, хиалуронската киселина, и различни растителни екстракти кои се дел од неговата формула прават чуда за кожа и помагаат за подобрување на тенот. Благодарение на оваа природна и здрава формула, ја навлажнува, негува и обновува оштетената кожа за само неколку дена, ја смирува надразнетата кожа и иритацијата предизвикана од акни.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Кремот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content Steam кремот е дерматолошки тестиран.
Употреба:
Нанесете соодветна количина од кремот на чисто лице и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. Се препорачува како последен чекор од рутината за нега на лице, по нанесувањето на тонер, есенција/серум и лосион.
За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.
Клучни состојки:
Против акни: Ниацинамид, лауринска киселина
Антиоксиданси: Филтрат од секрет од полжав, масло од јатка од Argania Spinosa, токоферил ацетат
Состојки за комуникација на клетките: Ниацинамид, Sh-Олигопептид-1, Аденозин
Осветлување на кожата: Ниацинамид
Состојки идентични со кожата: Глицерин, натриум хијалуронат, уреа, аргинин
Смирувачки: Екстракт од кора од Salix Alba (врба)
CLIO Superproof Brush Liner 01 Kill Black 0.55ml е течен eyeliner со тенка и флексибилна четка која овозможува лесно исцртување на прецизни линии, од суптилни до поизразени.
Интензивната Kill Black нијанса дава јасен црн финиш, додека долготрајната waterproof формула помага линијата да остане дефинирана во текот на денот без лесно размачкување.
Бенефити:
• Интензивна Kill Black црна нијанса
• Фина brush tip за прецизно нанесување
• Овозможува тенки и подебели линии
• Waterproof формула
• Помага во намалување на размачкувањето
• Брзо се суши по нанесување
• Долготраен и дефиниран финиш
• Погоден за секојдневна и поинтензивна шминка
Начин на употреба:
Пред употреба нежно протресете го производот. Исцртајте линија долж коренот на трепките, почнувајќи од внатрешниот кон надворешниот агол на окото. За подраматичен изглед постепено зголемете ја дебелината на линијата.
Овој лесен и освежителен гел за чистење претставува совршено решение за секојдневна нега, специјално формулиран да ги задоволи потребите на мрсната, проблематичната и чувствителната кожа. Неговата примарна улога е длабински и темелно да ги отстрани остатоците од шминка, вишокот себум и наталожените нечистотии од порите. Формулата нежно го прочистува епидермисот без да предизвика иритации, воспоставувајќи оптимална рамнотежа на кожата.
Со редовно користење, производот значително ќе ја подобри состојбата на вашата кожа, така што успешно ќе го регулира лачењето на маснотии и ќе го намали црвенилото. Наместо чувство на сувост, овој гел обезбедува хидратација, ја смирува иритираната кожа и ја одржува нејзината мекост и еластичност. Тој активно делува на детоксикација, чистење на кожата и зачувување на природната влажност на ткивото.
Дополнително, производот значително ќе ја зајакне заштитната бариера на кожата, правејќи ја поотпорна на надворешни штетни фактори и спречувајќи појава на нови неправилности. Тој работи на одржување на правилната pH вредност и ревитализација на проблематичните зони, што директно се одразува на уредниот и здрав изглед. Крајниот резултат е видливо чист, изедначен, балансиран и свеж тен секој ден.
Овој гел за чистење е соодветен за масна, проблематична и чувствителна кожа.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од гелот за чистење на претходно навлажнета кожа. Нежно масирајте со кружни движења низ целото лице, со посебен фокус на зоните со шминка или вишок маснотија. Исплакнете темелно со млака вода и нежно исушете го лицето со тапкање со чиста крпа.