1.520 ден Original price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.
Нема на залиха
Кожата околу очите е понежна и потенка од останатата кожа на лицето. Затоа ѝ е потребна посебна нега. Пружете ѝ врвна нега и спречете ја појавата на брчки со кремот за очи 𝗔𝗿𝘁𝗲𝗺𝗶𝘀𝗶𝗮 𝗘𝘆𝗲 𝗕𝘂𝘁𝘁𝗲𝗿 на еден од најнаградуваните корејски брендови 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
Овој кем е богат со моќни состојки со за интензивно навлажнувачки и смирувачки својства кои даваат сјај и еластичност на кожата околу очите.
Содржи шиа путер и има погуста текстура налик на путер за пружи интензивна нега на нената кожа околу очите, но лесно се впива без да остави леплива или мрсна трага.
Содржи 52% екстракт од Artemisia capillaris, уште попознат како екстракт од мугворт, кој има дејство на смирување, негување и заштита на кожата за да помогне во намалување на иритацијата, да се бори против причините за сувост и да се справи со чувствителноста на кожата.
Пептидите во овој крем го поттикнуваат создавањето на еластин и колаген, со што ја зголемуваат цврстината на кожата околу очитем ја подобруваат нејзината еластичност и ја спречуваат појавата на брчки. Исто така ги отстрануваат фините линии и ги намалуваат постоечките брчки.
Ниацинамидот помага да се осветли регијата околу очите, да се намалат темните кругови, а исто така има антиејџ дејство.
Хијалуронската киселина ѝ ја враќа влажноста на кожата, ја одржува свежа и ја спречува појавата на брчки и фини линии.
Содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките. Заедно со пептидите, ниацинамидот и хијалуронската киселина прави одлична комбинација за борба против брчките.
Освои 1-во место за најдобар нов производ за првата половина на 2020 на Hwahae Beauty Awards во категорија на крем за очи.
Производот е вегански и cruelty free.
1.520 ден Original price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.
Нема на залиха
Benton Fermentation кремот за очи е богат со анти-ејџинг состојки и состојки за длабинска нега на кожата како што се ферментите, пептидите, церамиди и натриум хијалуронатот. Овозможува одржување на мазна и младешка кожа во регијата околу очите. Може да се користи за чувствителна и сува кожа, кожа со брчки и слаба еластичност, дехидрирана и затегната кожа, кожа на која ѝ е потребно осветлување и хидратација, кожа која е чувствителна на штетни хемикалии.
Мини делукс пакувањето е дизајнирано да ги задоволи потребите во текот на патувањата. Содржи доволна количина да ги покрие вашите потреби вo текот на две седмици, а нема да гo оптерети вашиот багаж со непотребна тежина.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Bakuchiol Eye Cream 20ml е крем за околу очи со антиејџ дејство.
Тоа е богат, но брзоапсорбирачки крем заспецијално развиен за нежна нега на чувствителната кожа околу очите и спечување на проблемите кои најчесто се јавуваат во оваа регија.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Бакучиолот е познат по тоа што ја стимулира природната продукција на колаген, со што ефективно помага во намалување на појавата на фини линии и брчки и ја подобрува еластичноста на кожата. Формулата е дополнително збогатена со ниацинамид за осветлување на темните кругови, нискомолекуларна хијалуронска киселина за длабинска хидратација и Ceramide NP за зајакнување на кожната бариера. Кремот има богата, млечна текстура која брзо се впива, оставајќи ја деликатната зона околу очите помазна, посвежа и сјајна.
Овој SKIN1004 крем за очи е идеален за сува, нормална и чувствителна кожа која бара нежен антиејџ третман и интензивна хидратација без иритација. Има и силиконски апликатор кој овозможува нежна масажа на областа околу очите и околу устата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на врвот на прстот или користете го силиконскиот апликатор за нежно да го нанесете производот околу деликатната област на очите. Тапкајте со прстот додека не се апсорбира целосно. Користете како последен чекор од вашата вечерна рутина за нега на кожа.