443 ден Original price was: 443 ден.288 денCurrent price is: 288 ден.
Нема на залиха
443 ден Original price was: 443 ден.288 денCurrent price is: 288 ден.
Нема на залиха
MATRIGEN Lipoexosome Prickle Permeate Cream е иновативен крем кој ја носи козметиката на иднината директно во вашата рутина, овозможувајќи им на активните состојки да навлезат длабоко во кожата. Овој третман користи напредна технологија со спикули и липоегзозоми кои делуваат како прецизен систем за транспорт, обезбедувајќи максимална апсорпција на клучните хранливи материи. Текстурата е исклучително мека и хидратантна, не остава лепливо чувство и брзо се впива, оставајќи ја кожата здрава, мазна и видливо обновена.
Овој крем нуди решение за оние кои имаат проблеми со опуштена кожа и проширени пори, за оние на кои им е потребна еластичност кај тенка кожа со знаци на стареење, како и за лицата кои бараат ефикасен третман за лузни и неправилности. Производот е идеален за сите кои сакаат професионални анти-ејџ резултати со видлив ефект на подмладување и сјај во домашни услови. Благодарение на својата моќна формула, тој ја враќа цврстината на контурите на лицето и помага во одржување на здрава и чиста кожа. Тоа е крем со кој ќе го почувствувате бенефитот на најиновативните и најефикасни состојки денес преку еден производ, спикули, PDRN со висока конценрација и егзозоми. Покрај тоа содржи и витамин Ц, транексамична киселина, глутатион и арбутин, состојки познати по својата ефиксаност во подобување на тенот и намалување на хиперпигментацијата.
Резултатот е помалку брчки, поцврста контура на лицето, намалени пори и неверојатен сјај!
Додека вообичаените PDRN производи содржат околу 5 000 ppm, нашиот содржи двојно повеќе, 10 000 ppm PDRN! Ова значи многу поголема ефикасност, побрза регенерација и ВИДЛИВ ЕФЕКТ на подмладување! PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Спикулите се микроскопски иглички добиени од хидролизиран морски сунѓер, кои делуваат како „природен микронидлинг“ без употреба на апарат. Кога ќе ја нанесете кремата, овие невидливи иглички навлегуваат во површинскиот слој на кожата и таму оставаат микро-канали, кои овозможуваат активните состојки како PDRN или витамините да се апсорбираат многу подлабоко и побрзо. Тие помагаат за побрза регенерација, го стимулираат природното обновување на клетките, ја подобруваат текстура и ги намалуваат лузните и проширените пори.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: Како последен чекор од вечерната рутина за нега, нанесете соодветна количина од кремот на исчистено лице и рамномерно распоредете го. Следното утро, исчистете ја кожата со тупфер или соодветно средство за чистење. Се препорачува за вечерна употреба за да се овозможи максимална регенерација во текот на ноќта.
Почувствувај ја разликата кај твојата кожа со 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 .
Овој богат и интензивен ноќен ќрем за жени и мажи ќе ја ревитализира вашата кожа додека спиете.
ДЕЈСТВО:
Ги намалува темните дамки и го воедначува нерамномерниот тен.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Light Gel Cream е ултра-лесен гел-крем кој обезбедува моментален ефект на ладење и длабинска хидратација, додека истовремено работи на стеснување на проширените пори и контрола на себумот. Со својата гел-конзистенција на водена база , овој корејски крем се апсорбира брзо, оставајќи мазен, нежен и росен финиш без лепливост или прекумерна сувост.
Формулата е моќна комбинација која вклучува екстракт од алое вера и екстракт од азиска центела од Мадагаскар за смирување и хидратација, а исто така содржи ниацинамид и аденозин кои придонесуваат за подобрување на еластичноста на кожата, осветлување на темните дамки и стеснување на порите. Хималајската розова сол и каолинот помагаат во чистење на нечистотиите во порите, додека екстрактите од хамамелис (Witch Hazel) и чемпрес (Cypress) дополнително ја смируваат и ја ладат чувствителната кожа.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој гел-крем е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која има проблеми со проширени пори, црвенило и прекумерно лачење на себум. Тој е идеален за секој што бара лесна формула која ефикасно ги нормализира лојните жлезди и обезбедува матирачки, но хидриран изглед во текот на целиот ден.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Како последен чекор од рутината за нега на кожа, нанесете соодветна количина од гел-кремот на лицето. Нежно тапкајте со двете дланки додека производот целосно не се апсорбира. Може да се користи наутро и навечер.