1.378 ден Original price was: 1.378 ден.1.102 денCurrent price is: 1.102 ден.
Нема на залиха
1.378 ден Original price was: 1.378 ден.1.102 денCurrent price is: 1.102 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Enrich Cream e хранлива и смирувачки креми со ферментирана центела и церамиди.
Тоа е богат и свиленкаст крем за лице, формулиран за интензивна хидратација и зајакнување на кожната бариера. Содржи филтрат од фермент на азиска центела, церамиди NP и шиа путер кои ја смируваат чувствителната кожа, додека ја обновуваат текстурата и ја прават помека и посјајна. Кремот нуди длабинска нега, без мрсна или леплива завршница.
Збогатен е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој навлажнувачки крем со висока концентрација е идеален избор за нормална, комбинирана и сува кожа, особено кога кожата е дехидрирана, чувствителна или со нарушена бариера.
Придобивки:
• Го смирува црвенилото и иритациите.
• Длабински ја хидрира кожата и ја задржува влагата.
• Го зајакнува кожниот заштитен слој и ја подобрува еластичноста.
• Обезбедува антиејџ ефект и посјаен тен.
Клучни состојки:
• Филтратот од ферментирана центела (Lactobacillus/Centella Asiatica Ferment Filtrate) е направен од пробиотски компоненти ја обновува и зајакнува кожната бариера.
• Екстрактот од азиска центела е познат по своите смирувачки и антиоксидативни својства.
• Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азијатичната киселина се активни состојки добиени од центелата кои помагаат при регенерација и колагенска синтеза.
• Церамидот NP ги имитира природните липиди на кожата и ја штити од надворешни влијанија.
• Фитостеролите ја поддржуваат бариератана кожата и го намалуваат губењето на влажноста.
• Шиа путерот и маслото од макадамија обезбедуваат богата нега и хранливост без тежина.
Како се користи: Нанесете соодветна количина на чисто лице како последен чекор од рутината. Втријте нежно со двете дланки за подобра апсорпција.
Почувствувај ја разликата кај твојата кожа со 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 .
Овој богат и интензивен ноќен ќрем за жени и мажи ќе ја ревитализира вашата кожа додека спиете.
ДЕЈСТВО:
Ги намалува темните дамки и го воедначува нерамномерниот тен.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Тоа е смирувачки навлажнувач за длабинска хидратација, кој содржи моќна мешавина од хидратантни состојки. Не содржи обојувачи, ароми и состојки од животинско потекло.