1.568 ден Original price was: 1.568 ден.1.254 денCurrent price is: 1.254 ден.
Нема на залиха
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 е моќен мултивитамиски серум, кој ги остранува хиперпигментацијата и диколорацијта, ја ревитализира уморната кожа, ја подобрува еластичноста и ги намалува брчките.
Наместо дестилирана вода содржи вода од волчји трн која е богата со витамини и го забрзува процесот на заздравување на кожата, ја поттикнува еластичноста и јахидрира кожата.
Има моќно дејство благодарение на шесте видови витамини кои ги содржи:
Содржи 5% ниацинамид, кој помага во изедначување на нерамномерниот тен, измазнување на нерамномерната текстура и намалување на брчките
Содржи и транексамична киселина и арбутин кои се состојки познати по својата ефикасност да ја намалуваат хиперпигментацијата и да го изедначуваат тенот.
Хијалуронската киселина и бета-глуканот на кожата ѝ пружаат богата и длабинска хидратација.
Дејство:
1.568 ден Original price was: 1.568 ден.1.254 денCurrent price is: 1.254 ден.
Нема на залиха
На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки:
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи:
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Intensive Ampoule е интензивна ампула (серум) за обновување на бариерата на кожата
Тоа е високо концентрирана ампула дизајнирана за да обезбеди интензивно смирување, хидратација, цврстина и сјај на кожата. Овој корејски серум ја користи патентираната Probio-Cica формула која комбинира ферментиран екстракт од Centella Asiatica (вклучувајќи TECA) и церамиди (Ceramide NP) за да ја зајакне и обнови оштетената заштитна бариера на кожата.
Текстурата на ампулата е млечна и густа, но неверојатно брзо се апсорбира во кожата, оставајќи свиленкаст и сјаен финиш без леплив остаток. Формулата содржи церамиди, фитостероли и масни киселини формулирани во златен сооднос 3:1:1, што е оптимален однос за ефективно заклучување на влагата во кожата. Ферментираниот екстракт од центела од Мадагаскар има и пробиотско и антибактериско дејство кое ја намалува иритацијата и ја одржува здравата микробиома на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ампула е наменета за сува, нормална и комбинирана кожа, а особено е корисна за кожа која е чувствителна, иритирана или има потреба од зајакнување на еластичноста и регенерација. Таа е идеална за постигнување здрава, сјајна и мека кожа.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата со помош на пипетата директно на чисто лице. Рамномерно нанесете ја на кожата и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете апсорпцијата. Користете по тонер, а пред хидратантен крем.