Земја на производство: Република Кореја
Состав: Petroleum Resin, Cellulose Gum, Styrene Isoprene Styrene Block Copolymer, Polyurethane Film, Polyisobutylene, Liquid Paraffin, Tetrakismethane.
330 ден Original price was: 330 ден.297 денCurrent price is: 297 ден.
Нема на залиха
Овие хидроколоидни лепенки интензивно ги извлекуваат нечистотиите додека создаваат заштитна бариера која штити од надворешни надразнувачи. Употребете ги за природен изглед при покривање на акни преку ден.
ПРИДОБИВКИ
• Ги измазнуваат и смируваат акните.
• Помагаат акните да исчезнат без лузна.
• Имаат силна адхезија (прилепеност) на рамномерно закривени области, како што се вилицата и линијата на косата.
КЛУЧНА СОСТОЈКА:
• Хидроколоид: Го впива секретот и одржува влажност за да спречи понатамошен осип
Употреба: Пред поставувањето исчистете го добро лицето исто така и рацете. Извадете лепенка со соодветна големина и покријте ја акната. Променете ја лепенката кога ќе стане бела и има апсорбирано маснотии.
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Petroleum Resin, Cellulose Gum, Styrene Isoprene Styrene Block Copolymer, Polyurethane Film, Polyisobutylene, Liquid Paraffin, Tetrakismethane.
330 ден Original price was: 330 ден.297 денCurrent price is: 297 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner e прочистувачки тонер за балансирана и чиста кожа.
Овој тонер е препорачан чекор во рутината за секој кој се бори со мрсна кожа и чести воспаленија.
Она што го прави овој тонер исклучително ефикасен е комбинацијата на БХА (салицилна киселина) и моќниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Тој дејствува директно на порите, каде го регулира создавањето на себум, ги отстранува мртвите клетки со што го спречува затнуваето на порите и го спречува создавањето на комедони и нови акни преку длабинско чистење на нечистотиите.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 прочистувачки тонер е клинички тестиран како хипоалерген и не-комедоген производ, што го прави совршен избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, вклучувајќи ги и најчувствителните типови.
Клучни придобивки:
Клучни состојки
Начин на употреба: По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучен тупфер или директно на дланките. Нежно поминете преку целото лице во насока на текстурата на кожата или тапкајте со прстите додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува за употреба во утринската и вечерната рутина.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule е смирувачка ампула (серум) за проблематична кожа.
Оваа ампула е специјално формулирана за да пружи идеално решение за кожа склона кон акни и чести воспаленија. Овој корејски серум содржи импресивни 80% од Tea-Trica комплексот, кој претставува моќна фузија од вода од чајно дрво и екстракт од центела за моментално смирување на иритираната кожа. Нејзината примарна задача е да ги третира активните воспаленија, истовремено спречувајќи го појавувањето на нови неправилности преку одржување на здрава рамнотежа на епидермисот.
Формулата е збогатена со патентираниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс, кој има клучна улога во регулирањето на прекумерното лачење маснотии и видливото стеснување на порите. Текстурата на ампулата е исклучително лесна и течна, што овозможува таа веднаш да се впие во кожата без да остави никаков леплив остаток или чувство на тежина. Како некомедоген производ, оваа ампула е целосно безбедна за кожа со пори кои лесно се затнуваат, нудејќи хидратација и свежина кои траат во текот на целиот ден.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја сождржи оваа ампула се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа SKIN1004 Tea-Trica ампула е совршена за мрсна, комбинирана и чувствителна кожа која се соочува со акни, бидејќи е некомедогена и клинички е докажано дека не предизвикува иритации и активно помага во заздравувањето на кожата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата (неколку капки со пипетата) директно на претходно исчистено лице и тонирана кожа. Рамномерно распоредете го производот и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете неговата целосна апсорпција. Користете ја наутро и навечер пред нанесување на хидратантен крем.