1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.606 денCurrent price is: 1.606 ден.
Lip Sleep – Balancium Ceramide Lip Butter Sleeping Mask на COSRX e вистински мелем за сувите и испукани усни.
Кремастата, мека текстура налик на путер нежно се топи и се впива во кожата на усните, формирајќи нежен нелеплив слој кој ги штити и негува усните.
Комбинацијата на церамиди и шиа путер формира совршена заштитна бариера. Помага во регенерација и заздравување на оштетувањата штитејќи ги усните од сувост, правејќи ги видливо помазни и поздрави.
Клучни состојки:
Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.
Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста влагата и да се спречат штетните влијанија.
1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.606 денCurrent price is: 1.606 ден.
Постигнете совршен, пудрест мат финиш со Tocobo Powder Cream Lip Balm, балсам за усни кој комбинира интензивна боја со лесна, кадифена текстура. Со кремаста формула која лесно се нанесува, овој балсам овозможува богата пигментација и природно заматен ефект, без чувство на сувост. Обогатен со хидратантни состојки, ги негува усните и ги прави мазни и меки во текот на целиот ден.
Идеален за сите типови кожа и за оние кои сакаат мат изглед на усните со чувство на удобност.
Овoј интензивен хидрогел третман за усни претставува совршено решение за ревитализација, длабинска хидратација и зацврстување на сувата и деликатна кожа на усните. Неговата примарна улога е брзо да ги измазне фините линии, да ја подобри еластичноста и да овозможи исполнет, затегнат и младешки изглед. Формулата создава заштитен слој кој ја спречува дехидратацијата.
Со редовно користење, производот значително ќе ја подобри состојбата на вашите усни, така што успешно ќе ја редуцира сувоста, ќе го ублажи лупењето и ќе овозможи подобрена кадифена текстура. Наместо испукани и уморни усни, овие лепенки нудат длабока исхрана, интензивна влажност и природна блескавост. Тие активно делуваат на уедначување на тонусот и подобрување на природната флексибилност.
Дополнително, производот значително ќе ја зајакне природната заштитна кожна бариера, правејќи ја кожата на усните поотпорна на надворешни агресори и штетни влијанија од животната средина. Неговите регенерирачки и смирувачки состојки го поттикнуваат природниот циклус на обнова на клетките. Крајниот резултат е видливо зацврстени, мазни, сочни и заштитени усни кои зрачат со здравје.
Овој производ е соодветен за сите типови кожа, а посебно за суви, испукани и дехидрирани усни со фини линии.
Начин на употреба: Нанесете ја лепенката директно на усните и оставете ја да делува околу 20 минути. По отстранувањето, нежно измасирајте го остатокот од есенцијата додека целосно не се впие во кожата. За најдобри резултати, се препорачува употреба 2 до 3 пати неделно.
Додај свежина и сјај на усните со TOCOBO Juicy Berry Plumping Lip Oil, инспириран од овошни, разиграни нијанси. Овој нежен, но интензивен лип оил нуди долготрајна хидратација и волумен, оставајќи усните сјајни и негувани без лепливост.
Идеален за секојдневна употреба, TOCOBO Juicy Berry Plumping Lip Oil ја комбинира негата и убавината во еден чекор, давајќи им на усните здрав и сјаен изглед.
00 Frozen Berry: Мистериозно светкаво ледено сино.
TOCOBO Lemon Sugar Scrub Lip Mask 20ml комбинира нежен физички пилинг и богата ноќна нега во еден производ. Sugar кристалите помагаат во отстранување на сувите и мртви клетки, додека хранливите масла помагаат усните да останат меки и негувани во текот на ноќта.
Lemon Peel Oil ја надополнува освежувачката нега, додека Olive Fruit Oil и Sea Buckthorn Fruit Oil помагаат во омекнување и заштита од прекумерна сувост.
Бенефити:
• Нежно ги отстранува мртвите и суви клетки од усните
• Содржи Sucrose кристали за физичка ексфолијација
• Помага кај суви и испукани усни
• Придонесува за помазна и помека текстура
• Olive Fruit Oil обезбедува хранлива и омекнувачка нега
• Содржи Lemon Peel Oil
• Sea Buckthorn Fruit Oil ја надополнува хранливата нега
• Содржи Vitamin E
• Дејствува како пилинг и ноќна маска во еден чекор
• Vegan формула
Начин на употреба:
Пред спиење земете доволна количина со шпатулата и нанесете ја на усните. Нежно масирајте за да ги отстраните мртвите клетки, а потоа оставете ја маската на усните преку ноќ. Следното утро исплакнете ја.