1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.606 денCurrent price is: 1.606 ден.
Lip Sleep – Balancium Ceramide Lip Butter Sleeping Mask на COSRX e вистински мелем за сувите и испукани усни.
Кремастата, мека текстура налик на путер нежно се топи и се впива во кожата на усните, формирајќи нежен нелеплив слој кој ги штити и негува усните.
Комбинацијата на церамиди и шиа путер формира совршена заштитна бариера. Помага во регенерација и заздравување на оштетувањата штитејќи ги усните од сувост, правејќи ги видливо помазни и поздрави.
Клучни состојки:
Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.
Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста влагата и да се спречат штетните влијанија.
1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.606 денCurrent price is: 1.606 ден.
ARENCIA Honey Glazed Collagen Lip Mask 15g е богата хранлива маска за интензивна нега на суви и испукани усни. Формулата обезбедува долготрајна хидратација и создава заштитен слој кој помага во спречување на губењето на влагата, оставајќи ги усните меки, мазни и со прекрасен glazed сјај.
Содржи хидролизиран колаген и екстракт од мед за хидратација и нега, како и комплекс од 5 видови церамиди – Ceramide NP, NS, AS, AP и EOP – кои помагаат во зајакнување на заштитната бариера на усните. Формулата е дополнително збогатена со сквалан, витамин E и хранливи растителни масла.
Бенефити:
• Обезбедува долготрајна и интензивна хидратација
• Ги омекнува сувите и испукани усни
• Помага во зајакнување на заштитната бариера на усните
• Содржи комплекс од 5 видови церамиди
• Колагенот придонесува за помазен и пополн изглед
• Медот помага во негување и задржување на влагата
• Помага во спречување на губењето на влагата
• Остава мек и сјаен honey-glazed финиш
Начин на употреба:
Нанесете соодветна количина на усните со шпатула или со врвовите на прстите секогаш кога чувствувате сувост. Може да се користи во текот на денот за дополнителна хидратација и нега.
Постигнете совршен, пудрест мат финиш со Tocobo Powder Cream Lip Balm, балсам за усни кој комбинира интензивна боја со лесна, кадифена текстура. Со кремаста формула која лесно се нанесува, овој балсам овозможува богата пигментација и природно заматен ефект, без чувство на сувост. Обогатен со хидратантни состојки, ги негува усните и ги прави мазни и меки во текот на целиот ден.
Идеален за сите типови кожа и за оние кои сакаат мат изглед на усните со чувство на удобност.
TOCOBO Lemon Sugar Scrub Lip Mask 20ml комбинира нежен физички пилинг и богата ноќна нега во еден производ. Sugar кристалите помагаат во отстранување на сувите и мртви клетки, додека хранливите масла помагаат усните да останат меки и негувани во текот на ноќта.
Lemon Peel Oil ја надополнува освежувачката нега, додека Olive Fruit Oil и Sea Buckthorn Fruit Oil помагаат во омекнување и заштита од прекумерна сувост.
Бенефити:
• Нежно ги отстранува мртвите и суви клетки од усните
• Содржи Sucrose кристали за физичка ексфолијација
• Помага кај суви и испукани усни
• Придонесува за помазна и помека текстура
• Olive Fruit Oil обезбедува хранлива и омекнувачка нега
• Содржи Lemon Peel Oil
• Sea Buckthorn Fruit Oil ја надополнува хранливата нега
• Содржи Vitamin E
• Дејствува како пилинг и ноќна маска во еден чекор
• Vegan формула
Начин на употреба:
Пред спиење земете доволна количина со шпатулата и нанесете ја на усните. Нежно масирајте за да ги отстраните мртвите клетки, а потоа оставете ја маската на усните преку ноќ. Следното утро исплакнете ја.
Dr. Melaxin Cemenrete Calcium Volume Multi Balm 9g е практичен мултифункционален балсам во стик, создаден за интензивна нега на деловите од лицето на кои им е потребна дополнителна хидратација. Неговата богата формула помага во задржување на влагата и придонесува за помазен, пополн и природно сјаен изглед на кожата.
Бенефити:
• Обезбедува дополнителна хидратација на сувите делови
• Придонесува за помазен и пополн изглед на кожата
• Помага во подобрување на изгледот на фините линии
• Ја поддржува природната кожна бариера
• Придонесува за природен и здрав сјај
• Практичен формат во стик за лесно нанесување
• Може да се користи на повеќе делови од лицето
• Погоден за употреба во текот на денот
Употреба:
Нанесете го балсамот директно на деловите од лицето на кои им е потребна дополнителна хидратација и нега, како пределот околу очите, челото, образите и линиите околу устата. Нежно нанесете во тенок слој. Може да се користи како последен чекор од рутината за нега и повторно во текот на денот по потреба.