1.090 ден Original price was: 1.090 ден.981 денCurrent price is: 981 ден.
1.090 ден Original price was: 1.090 ден.981 денCurrent price is: 981 ден.
Опис на производот:
COSRX Advanced Snail 92 All in One Cream Tube 100g е корејска хидратантна крема со лесна, еластична gel-cream текстура, создадена за кожа на која ѝ е потребна хидратација, смирување, мекост и обновен glow ефект.
Формулата содржи 92% Snail Secretion Filtrate, познат како snail mucin, кој помага кожата да изгледа похидрирано, посмирено и поеластично. Sodium Hyaluronate ја поддржува долготрајната хидратација, додека Allantoin и Panthenol помагаат во смирување на кожата и поддршка на кожната бариера. Betaine дополнително ја омекнува кожата, а Adenosine придонесува за помазен и повитален изглед.
Кремата е погодна за секојдневна употреба и за повеќе типови кожа, особено за сува, дехидрирана, чувствителна или уморна кожа. Tube пакувањето е практично и хигиенско за секојдневна рутина.
Придобивки:
• Интензивно ја хидрира кожата
• Помага кожата да изгледа помека, посмирена и посвежа
• Ја поддржува кожната бариера
• Придонесува за природен “glass skin” glow ефект
• Помага кај сувост, затегнатост и груба текстура
• Содржи 92% snail mucin за хидратација и обновен изглед
• Лесна gel-cream текстура што не остава тежок финиш
• Практично tube пакување од 100g
Начин на употреба:
Нанесете соодветна количина на чисто лице, по тонер, есенција или серум, како последен чекор од skincare рутината. Нежно распоредете по лицето и тапкајте додека целосно не се впие. Може да се користи наутро и навечер. Во утринска рутина продолжете со SPF заштита.
SKIN1004 Madagascar Centella Teca Ampoule е лесна, концентрирана ампула наменета за чувствителна, сува и иритирана кожа. Формулата со високо прочистениот CENTELLA TECA™ комплекс помага во интензивно смирување и обновување на кожата, додека растителниот PDRN, пептидите и аденозинот придонесуваат за помазен и поеластичен изглед. Полиглутаминската киселина, натриум хијалуронатот и глицеринот обезбедуваат долготрајна хидратација, а церамидот помага во зајакнувањето на кожната бариера.
Бенефити:
• Интензивно ја смирува чувствителната и иритирана кожа
• Помага во обновување на кожата по иритација
• Обезбедува длабинска и долготрајна хидратација
• Ја зајакнува ослабената кожна бариера
• Го намалува чувството на сувост и затегнатост
• Помага во подобрување на текстурата и еластичноста
• Придонесува за намалување на видливоста на фините линии
• Има лесна текстура која брзо се впива
Употреба: Нанесете соодветна количина на чиста кожа и рамномерно распоредете ја на лицето. Нежно тапкајте до целосна апсорпција. За поинтензивно смирување и хидратација, нанесете два до три тенки слоја, оставајќи секој слој да се впие пред нанесувањето на следниот.
Тоа е тонер во спреј со фрмула која има ниска pH вредност и прочистувачки растителни состојки, овој тонер делува на освежување, смирување и омекнување на кожата. Содржи AHA и BHA киселини за нежна ексфолијација.