Природниот сапун со минерални пигменти е рачно правен сапун за нега погоден за сите видови на кожа. Овој сапун ја чисти и хидрира кожата без да ја наруши природната влажност. Тој го регулира лачењето на себумот, спречува појава на акни и мозолчиња. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.
Тоа е нежно масло за темелно чистење на лицето кое длабински ја чисти шминката и остатоците од нечистотии благодарение на природните растителни масла кои истовремено ја негуваат кожата. По чистењето кожата ја остава свежа и хидрирана.
94% природно масло
За сите типови на кожа
Испумпајте 2-3 пати од ова масло за чистење на суви дланки. Нежно масирајте на суво лице почнувајќи од челото, потоа носот и образите. По масирањето, остатокот од маслото не го бришете со марамче, туку исплакнете го лицето со млака вода 2 до 3 пати.
Природниот рачно изработен сапун со коприва ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Погоден е за сите типови на кожа како и за миење на кратка коса. Благодарение на драгоцените состојки кои ги содржи копривата како што се флавоноидите, стеролите, хлорофилот, минералните соли, витаминот Ц, провитаминот А и други делотворни состојки, овој сапун ја зајакнува заштитата на кожата, ги намалува воспаленијата и црвенилото, делува антибактериски, го регулира создавањето на себумот, го стимулира растот на косата и го елиминира првутот.