280 ден
Маслото од шафран има бојни докажано погодни својства за кожата. Вметнете го во својата рутина за нега и почувствувајте го бенефитот од неговата употреба.
Маслото од шафран е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали кои ги создава штетното UV зрачење. Со тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Содржи кроцин, потентна антиоксидантна состојка, која ја штити кожата од UVA и UVB зраците кои се причинители на појава на предвремени знаци на стареење.
Ова масло ефикасно ги смирува воспаленијата. Кроцинот придонесува за неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи го спречува дејството на многу инфламаторни протеини.
Го поттикнува заздравувањето на кожата и затворањето на раните преку забрзување на процесот на создавање на нови клеки.
Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на кроцинот и другите активни состојки кои ги содржи ова масло.
Најважниот чекор во негата на кожата е чистењето. Ако нечистотијата на кожата и себумот не се измијат темелно и се остават да се акумулираат во порите, тие можат да предизвикаат воспаленија.
Улогата на маслото за чистење е да помогне во темелно отстранувањето на нечистотијата од кожата преку нејзино нежно растворање и емулгирање.
Тимот на Beauty of Joseon тестираше бројни масла за да го најде вистинското како основна состојка за нивното масло за чистење. Тие го избраа маслото од Glycine soja како основа, бидејќи открија дека е најлесното, но сепак ефikasno за отстранување на нечистотијата од кожата, себумot и остатоци од шминка. Исто така содржи масло од семе од женшен, кое на производот му дава освежителен и смирувачки мирис сличен на мирис на трева, кој ве опушта додека го чистиче лицето. Ова масло ја зајакнува заштитната бариера на кожата и ја штити од штетните влијанија на околината.
Beauty Of Joseon Ginseng Cleansing Oil користи мицеларна технологија. Мицеларните производи се суспензија на вода со мали капсули на масло, кои овозможуваат максимално чистење и хидратација, без сушење и затегнување на кожата кое го прават старомодните сапуни. Мицеларните производи ги чистат нечистотиите од кожата, така што маслото го раствора и отстранува вишокот на себум, додека водата ја хидрира кожата, а маслото ја негува. Наместо да го отстранaт заштитниот слој на кожата и да ја нарушат нејзината бариера, како магнет ги таргетираат и ги привлекуваат нечистотиите и вишокот себум без да бидат груби со кожата. Ги подигаат од кожата без да ја нарушат нејзината липидна бариера и матрицата. Тоа помага во одржување на здрава функција на кожата.
Клучни состојки:
Масло од соја 50%
Добиено од Glycine soja, содржи олеинска киселина, линолна киселина и линоленска киселина. Нежно ги раствора нечистотиите без да ги затвара порите на кожата и во исто време делува како средство за навлажнување и измазнување на кожата.
Масло од семе од женшен 0,1%
Маслото од семе од женшен помага да се заштити кожата од надворешните штетни дејства.
Тоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од морков на домашниот бренд за природна козметика Данини.
Органското масло од морков содржи хранливи материи, како што се витамини А, Е и бета-каротен. Погодно е за нега на особено сува и зрела кожа на која ѝ ја враќа влажноста и свежината.
Тоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од шипинка на домашниот бренд за природна козметика Данини.