250 ден
Природниот рачно изработен сапун со зелена глина и активен јаглен прави детокс на кожата и длабински ја чисти. Одговара за комбинирана и мрсна кожа. Зелената глина содржи многу минерални соли и олигоелементи кои поволно делуваат на проблематичната кожа. Активниот јаглен има исклучително адсорбциско својство ги привлекува и врзува отровите, нечистотија и бактериите по што лесно може да се отстранат со миење. Ја чисти и регенерира кожата на лицето и телото без да ја наруши природната влажност.
250 ден
Уживајте во вашата мека и чиста кожа по освежувачкиот туш со пешкирот Hanji Body Wash. Природните влакна имаат одлична воздушна пропустливост, антибактериски и издржливи својства. Направено од 40% од врвен хартиен материјал „Hanji“ кој е антибактериски, пријатен за кожата, пропустлив во воздухот, дезодорирачки и издржлив. (Ханџи е традиционално корејско хартиено влакно кое е направено од кората на хартиена црница) Го чисти телото додека темелно го ексфолира.
Тоа е крем за раце со внимателно одбрани состојки за ефикасна формула базирана на хијалуронска киселина, алое вера, масло од соја и уреа, кои ни помагаат да ја негуваме, обновиме и регенерираме нежната кожа на рацете правејќи ја видно помека, кадифена и посвежа. Пружа навлажнувачки третман со богата, лесно впивачка текстура со мат финиш. Овој крем е погоден за сите типови кожа. Идеален е и за масажа на ноктите и кутикулите. Носете го во вашата чанта за да ги разубавувате и негувате вашите раце секој ден.
Содржи 92% ферментиран сок од лист од алое вера. Ферментираната содржина го зголемува ефектот на активните компоненти како алоето. На тој начин, помага вашата кожа да биде чиста и здрава, навлажнета, без чувство на лепливост.
Употреба: Нанесете соодветна количина на пешкир или сунѓер за туширање и направете меурчиња. Тријте го по целото тело како да правите масажа, а потоа исплакнете го телото.