Земја на потекло: Јужна Кореја
Состав: Snail secretion filtrate, Butylene Glycol, 1,2 – Hexanediol, Caprylyl Glycol, Carbomer, Allantoin, Sodium Polyacrylate.
1.390 ден
Овој висококонцентриран серум за обнова и регенерација е формулиран со дури 97.1% филтрат од слуз од полжав, наменет за интензивно навлажнување, зацврстување и враќање на природната виталност на кожата. Серумот има силно антиејџ дејство, ја подобрува еластичноста и ја зајакнува оштетената кожна бариера, истовремено измазнувајќи ја текстурата за мазен, здрав и блескав тен. Неговата лесна и брзоделувачка текстура нуди длабока хидратација без да остава тежок или мрсен слој.
Формулата длабински ја храни кожата и помага во ублажување на фините линии и сувоста. Наместо иритиран и груб изглед, овој производ ги смирува црвенилата, ја поттикнува природната regeneracija на клетките и нуди долготрајно чувство на удобност.
Дополнително, серумот нуди активна заштита од надворешни агресори и помага во одржување на оптималното ниво на влага во текот на целиот ден. Крајниот резултат е длабински обновена, мазна, еластична и природно сјајна кожа.
Клучни состојки:Овој серум е соодветен за сите типови кожа, а посебно за сува, дехидрирана, чувствителна и оштетена кожа на која и е потребна регенерација и ублажување на знаците на стареење.
Начин на употреба: Наутро и навечер, по чистењето на лицето и нанесувањето тонер, нанесете 2 до 3 капки (соодветна количина) на лицето и вратот. Нежно вмасирајте и потчукнете со прстите додека производот целосно не се впие. Потоа нанесете завршен крем, а во текот на денот задолжително нанесете и крема со заштитен фактор (SPF).
Земја на потекло: Јужна Кореја
Состав: Snail secretion filtrate, Butylene Glycol, 1,2 – Hexanediol, Caprylyl Glycol, Carbomer, Allantoin, Sodium Polyacrylate.
1.390 ден
Вратете го младешкиот сјај на вашата кожа со серумот со витамин Ц, витамин Е и хијалуронска киселина на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖&𝗘 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 ги подобрува тонот и текстурата на кожата додека длабински ја хидрира дехидрираната кожа, ја враќа еластичноста на кожата, ја спречува појавата на брчки, ги неутрализира слободните радикали и ги спречува оштетувањата кои тие ги предизвикуваат.
Направен е со витамин Ц со медицински степен на чистота, што е гаранција за неговата поголема ефикасност.
Има уникатна мултифункционална формула која комбинира Витамин Ц, Витамин Е и хијалуронска киселина за подобрување на кожата од повеќе аспекти и зголемување на дејството а витаминот Ц и витаминот Е.
Познато е синергетското дејство на витаминот Ц и витаминот Е. Кога се употребуваат заедно нивната ефикасност се зголемува. Антиоксидантното дејство на витаминот Е може да се надоплони со витаминот Ц. Витаминот Ц го ослободува оксидираниот витамин Е и го враќа во неговата првобитна состојба, со тоа ја враќа неговата моќ да го спречува дејството на слободните радикали. На тој начин го превенира оштетувањето на клетките и стареењето на кожата. Кога кожата е ослободена од слободните радикали, се зголемува способноста на витаминот Ц за делување, односно во поефикасно осветлување на кожата и подобрување на тенот.
▪️ Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста.
▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од штетните влијанија на агресорите од околината.
▪️ Хијалуронската киселина навлегува длабоко во кожата за да ја хидрира кожата и да ѝ ја врати еластичноста. Таа ја одржува кожата полна и свежа и ја спречува појавата на брчки.
Безбеден е за секојдневна употреба.