2.590 ден Original price was: 2.590 ден.1.590 денCurrent price is: 1.590 ден.
Нема на залиха
2.590 ден Original price was: 2.590 ден.1.590 денCurrent price is: 1.590 ден.
Нема на залиха
Toa е специјален хидратантен крем формулиран да ги таргетира знаците на стареење, како што се фините линии и брчките. Ретинолот е облик на витамин А за кој се покажало дека го подобрува изгледот на кожата. Овој хидратантен крем содржи и хијалуронска киселина која помага да се одржи кожата хидрирана и полна, што може да го минимизира појавувањето на фини линии и брчки, женшен за да осветли и да ѝ даде на кожата позатегнат изглед. Зелениот чај ја ревитализира и навлажнува кожата. Тој е богат со антиоксиданти, кои можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од стресот од околината.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Enrich Cream e хранлива и смирувачки креми со ферментирана центела и церамиди.
Тоа е богат и свиленкаст крем за лице, формулиран за интензивна хидратација и зајакнување на кожната бариера. Содржи филтрат од фермент на азиска центела, церамиди NP и шиа путер кои ја смируваат чувствителната кожа, додека ја обновуваат текстурата и ја прават помека и посјајна. Кремот нуди длабинска нега, без мрсна или леплива завршница.
Збогатен е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој навлажнувачки крем со висока концентрација е идеален избор за нормална, комбинирана и сува кожа, особено кога кожата е дехидрирана, чувствителна или со нарушена бариера.
Придобивки:
• Го смирува црвенилото и иритациите.
• Длабински ја хидрира кожата и ја задржува влагата.
• Го зајакнува кожниот заштитен слој и ја подобрува еластичноста.
• Обезбедува антиејџ ефект и посјаен тен.
Клучни состојки:
• Филтратот од ферментирана центела (Lactobacillus/Centella Asiatica Ferment Filtrate) е направен од пробиотски компоненти ја обновува и зајакнува кожната бариера.
• Екстрактот од азиска центела е познат по своите смирувачки и антиоксидативни својства.
• Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азијатичната киселина се активни состојки добиени од центелата кои помагаат при регенерација и колагенска синтеза.
• Церамидот NP ги имитира природните липиди на кожата и ја штити од надворешни влијанија.
• Фитостеролите ја поддржуваат бариератана кожата и го намалуваат губењето на влажноста.
• Шиа путерот и маслото од макадамија обезбедуваат богата нега и хранливост без тежина.
Како се користи: Нанесете соодветна количина на чисто лице како последен чекор од рутината. Втријте нежно со двете дланки за подобра апсорпција.