1.799 ден Original price was: 1.799 ден.1.259 денCurrent price is: 1.259 ден.
Нема на залиха
1.799 ден Original price was: 1.799 ден.1.259 денCurrent price is: 1.259 ден.
Нема на залиха
Маслото од шафран има бојни докажано погодни својства за кожата. Вметнете го во својата рутина за нега и почувствувајте го бенефитот од неговата употреба.
Маслото од шафран е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали кои ги создава штетното UV зрачење. Со тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Содржи кроцин, потентна антиоксидантна состојка, која ја штити кожата од UVA и UVB зраците кои се причинители на појава на предвремени знаци на стареење.
Ова масло ефикасно ги смирува воспаленијата. Кроцинот придонесува за неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи го спречува дејството на многу инфламаторни протеини.
Го поттикнува заздравувањето на кожата и затворањето на раните преку забрзување на процесот на создавање на нови клеки.
Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на кроцинот и другите активни состојки кои ги содржи ова масло.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner е освежувачки хидратантен тонер со AHA и LHA, наменет за нежна ексфолијација и подобрување на сјајот на кожата. Формулиран е за чувствителна, нормална и сува кожа, обезбедувајќи балансирана нега која ги комбинира хидратацијата, смирувањето и регенерацијата на кожата.
Тонерот содржи 70.000 ppm вода од лист од азиска центела, богат извор на активни состојки кои го поттикнуваат создавањето колаген, го смируваат воспалението и го унапредуваат заздравувањето на кожата. Хијалуронската киселина со пет големини на молекули овозможува длабинска и долготрајна хидратација, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и ја прават кожата поеластична и мазна.
Благодарение на содржината на AHA (лимонска киселина) и LHA (каприлоил салицилна киселина), овој тонер овозможува нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите без иритации. Течната формула лесно се впива, оставајќи свеж и природно сјаен финиш. Природната сина нијанса потекнува од екстракт од гарденија, а пријатниот мирис од екстракти од диња и круша.
Клучни придобивки:
Погоден за секојдневна употреба, овој тонер е одличен избор за сите кои бараат производ што истовремено хидрира, смирува и нежно ексфолира, при тоа подобрувајќи го сјајот и тонусот на кожата.
Начин на употреба: нанесете со памучен туфер или директно со дланки и тапкајте додека не се апсорбира целосно.