1.799 ден Original price was: 1.799 ден.1.259 денCurrent price is: 1.259 ден.
Нема на залиха
1.799 ден Original price was: 1.799 ден.1.259 денCurrent price is: 1.259 ден.
Нема на залиха
Falling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Воденeст лосион созелен чај кој пружа длабиска хидратација од ферментиран зелен чај.
Високо концентрираниот лосион е формулиран со преку 85% екстракт од зелен чај и помага во враќањето на влажноста на кожата, бидејќи пенетрира длабоко во кожата.
Клучни состојки:
– Чист ферментиран екстракт од зелен чај – Природно ферментиран зелен чај со високи анти -оксидантни и навлажнувачки придобивки за кожата, многу повеќе од свежиот зелен чај.
– Масло од лимонско семе – исполнето со антибактериски и антифунгални својства.
– масло од розово дрво – смирува и ревитализира.
Сет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.
FAU Premium De Signature Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употреба која помага во изедначување на тенот и зацврстување на кожата.
Оваа премиум маска содржи ниацинамид и арбутин, кои придонесуваат за осветлување на кожата и подобрување на нејзиниот тон. Благодарение на хидролизираниот колаген и пептидите, оваа маска ја зацврстува кожата, ја подобрува нејзината еластичност и помага во обновување на нејзината структура.
Со својата уникатна формула, De Signature Premium Modeling Mask обезбедува длабинска нега, ја хидрира и ревитализира кожата, оставајќи ја свежа, мазна и со здрав сјај.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути, додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium De Signature Modeling Mask, вашата кожа ќе биде осветлена, зацврстена и со беспрекорен тен!