1.999 ден Original price was: 1.999 ден.1.399 денCurrent price is: 1.399 ден.
Нема на залиха
1.999 ден Original price was: 1.999 ден.1.399 денCurrent price is: 1.399 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream е интензивен смирувачки крем кој ја зајакнува бариерата на кожата и содржи 72% екстракт од Centella Asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Овој крем е специјално формулиран да го надополни нивото на хидратација и да ја смири иритацијата на кожата. Она што го прави уникатен е присуството на три клучни липидни компоненти, церамиди, холестерол и масни киселини, кои природно се наоѓаат во слојот на епидермисот и се неопходни за обновување и зајакнување на бариерата на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Кремот има специфична златно жолта боја и лесна гел текстура налик на мед која се лизга мазно на кожата и обезбедува пријатно чувство на ладење. Иако е богат крем, тој не остава леплива трага и брзо се впива, врзувајќи се со липидниот слој на кожата за да поттикне подобра апсорпција на активните материи. Со редовна употреба, овој крем помага за долготрајно задржување на влагата и ја остава кожата мазна, мека и освежена.
Овој SKIN1004 смирувачки крем е идеален за секојдневна нега, особено за кожа со нарушен хидролипиден слој на која и е потребна регенерација и заштита од штетните влијанија на околината. Соодветен е за нормална, комбинирана и чувствителна кожа/
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на uпотреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно масирајте со кружни движења и тапкајте со дланките додека производот не се апсорбира целосно во кожата.
FAU Shiny Pumpkin Cera Repair Cream за моќно обновување на кожата, нејзино зацврстување и намалување на брчките.
Овој високоефикасен крем со двојна функција ја зајакнува заштитната бариера на кожата благодарение на 5-церамидниот комплекс, додека истовремено ја подобрува густината и еластичноста на опуштената кожа. Неговата богата формула продира длабоко, обезбедувајќи интензивна хидратација и регенерација, што резултира со поцврста, поотпорна и визуелно подмладена кожа.
Најважни придобивки:
Како се користи:
Во последниот чекор од рутината за нега на кожа, нанесете соодветна количина на лицето и нежно масирајте со врвовите на прстите за подобра апсорпција.
Клучни состојки:
Ниацинамид за осветлување и изедначување на тенот, 5-церамиден комплекс (Ceramide NP, NS, AS, AP, EOP) за зајакнување на кожната бариера, екстракт од тиква (1,000ppm) богат со антиоксиданси за регенерација, екстракт од женшен за подмладување, екстракт од еукалиптусови листови за смирување, аденозин за намалување на брчките, пантенол и хијалуронска киселина за длабинска хидратација и мекост.
Совршен избор за секој што сака видливо поздрава, поцврста и подмладена кожа.
FAU Core Intensive Derma Care Balm е интензивен третман во форма на стик, дизајниран за брза регенерација и длабинска нега на екстремно сувата и чувствителна кожа. Благодарение на неговиот практичен дизајн, овој балсам овозможува хигиенско и прецизно нанесување на сите критични зони на лицето и телото каде што кожата е груба, испукана или ја изгубила својата виталност.
Формулата се базира на комплекс од аминокиселини и хранливи масла кои создаваат свиленкаст заштитен слој на површината на кожата. Овој слој не само што ја заклучува влагата, туку и ја штити бариерата од надворешни влијанија како студ, ветер или сув воздух во затворени простории, оставајќи ја кожата еластична и обновена.
Она што го прави овој производ навистина моќен е вклучувањето на Acetyl Hexapeptide-8, познат аргирелин, уште наречен „ботокс пептид“. Оваа состојка помага во релаксација на микро-контракциите на кожата, што го прави балсамот одличен сојузник во борбата против брчките и фините линии, особено во пределот околу очите и усните.
Балсамот е збогатен и со ниацинамид, аденозин и пептиден комплекс кои заеднички делуваат на враќање на волуменот и измазнување на текстурата.
Покрај за лицето, тој е идеален како „прва помош“ за суви лакти, колена или како интензивна нега за испукани усни и кожата околу нив, каде што брзо ги смирува иритациите и поттикнува заздравување.
Кога да го користите овој мултифункционален стик?
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Свртете го долниот дел од стикот за да излезе балсамот. Нанесете го директно на сувите или иритирани делови од кожата (лице, усни, лакти, раце). Масирајте нежно доколку е потребно за подобро впивање. Може да се нанесува повеќе пати во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате потреба од инстант олеснување.