Земја на производство: Велика Британија
Состав: Propanediol, 3-O-Ethyl Ascorbic Acid, Olive Oil Polyglyceryl-4 Esters, Dibutyl Lauroyl Glutamide, Dibutyl Ethylhexanoyl Glutamide.
3.160 ден Original price was: 3.160 ден.2.370 денCurrent price is: 2.370 ден.
Glow-C Vitamin C 30% Serum е лесен серум со висока концентрација на 30% витамин C, наменет за освежување на безживотен и нерамномерен тен, како и за измазнување на фините линии. Погоден е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа.
Осветлува и помага во изедначување на тенот | Го измазнува изгледот на фините линии
Нанесете го после чистење и тонирање, пред хидратантни креми, креми за очи или масла.
Содржи 30% Витамин C и аминокиселини. Витаминот C помага во борба против слободните радикали и заштита на кожата од надворешни штетни фактори, додека аминокиселините дополнително ја потхрануваат и поддржуваат здравата текстура на кожата.
Земја на производство: Велика Британија
Состав: Propanediol, 3-O-Ethyl Ascorbic Acid, Olive Oil Polyglyceryl-4 Esters, Dibutyl Lauroyl Glutamide, Dibutyl Ethylhexanoyl Glutamide.
3.160 ден Original price was: 3.160 ден.2.370 денCurrent price is: 2.370 ден.
Вратете го младешкиот сјај на вашата кожа со серумот со витамин Ц, витамин Е и хијалуронска киселина на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖&𝗘 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 ги подобрува тонот и текстурата на кожата додека длабински ја хидрира дехидрираната кожа, ја враќа еластичноста на кожата, ја спречува појавата на брчки, ги неутрализира слободните радикали и ги спречува оштетувањата кои тие ги предизвикуваат.
Направен е со витамин Ц со медицински степен на чистота, што е гаранција за неговата поголема ефикасност.
Има уникатна мултифункционална формула која комбинира Витамин Ц, Витамин Е и хијалуронска киселина за подобрување на кожата од повеќе аспекти и зголемување на дејството а витаминот Ц и витаминот Е.
Познато е синергетското дејство на витаминот Ц и витаминот Е. Кога се употребуваат заедно нивната ефикасност се зголемува. Антиоксидантното дејство на витаминот Е може да се надоплони со витаминот Ц. Витаминот Ц го ослободува оксидираниот витамин Е и го враќа во неговата првобитна состојба, со тоа ја враќа неговата моќ да го спречува дејството на слободните радикали. На тој начин го превенира оштетувањето на клетките и стареењето на кожата. Кога кожата е ослободена од слободните радикали, се зголемува способноста на витаминот Ц за делување, односно во поефикасно осветлување на кожата и подобрување на тенот.
▪️ Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста.
▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од штетните влијанија на агресорите од околината.
▪️ Хијалуронската киселина навлегува длабоко во кожата за да ја хидрира кожата и да ѝ ја врати еластичноста. Таа ја одржува кожата полна и свежа и ја спречува појавата на брчки.
Безбеден е за секојдневна употреба.
Збогатен со бакучиол, уште наречен растителен ретинол, Benton Bakuchiol Serum дава видливи резултати во борбата против брчките.
Серумот со бакучиол на Benton е анти-ејџ серум кој ги репарира оштетувањата на кожата и стимлулира создавање на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Исто така нуди антиоксидантни ефекти за борба против слободните радикали и надворешните штетни влијанија кои предизвикуваат оштетувања и предвремено стареење на кожата. Ја зајакнува заштитаната бариера и ја одржува кожата во здрава рамнотежа. Помага да се намали фотостареењето додека ја негува кожата.
Бакучиолот е состојка од растително потекло, алтернатива на ретинолот и ги нуди истите придобивки како ретинолот, додека не предизвикува иритација и сензитивност и смее да се користи за време на бременоста за разлика од ретинолот.
За зголемено дејство на производот, бакучиолот е надополнет со ниацинамид и аденозин, функционални состојки кои ја спречуваат појавата на брчки и ги намалуваат пигментираните дамки.
Серумот помага во измазнување на текстурата на кожата
Дополнително, ги отстранува акните и ја спречува појавата на нови.
Ја храни и навлажнува кожата, ја зајакнува нејзината заштитна бариера и го спрешува губењето на влажноста, ја одржува кожата навлажнета и хидрирана во текот на денот.
Дејство:
Употреба: Многу мала количина се нанесува рамномерно на лицето, или капка серум се меша со крем