1.431 ден Original price was: 1.431 ден.1.145 денCurrent price is: 1.145 ден.
Нема на залиха
1.431 ден Original price was: 1.431 ден.1.145 денCurrent price is: 1.145 ден.
Нема на залиха
ID Placosmetics Face Fit Plaster Mask е револуционерна гипсена маска која обезбедува професионален третман за подигнување и затегнување на кожата во удобноста на вашиот дом. Формулирана со вистински гипс и глина, оваа маска моментално ги прочистува и затегнува порите, подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Овој напреден состав содржи хијалуронска киселина, екстракт од лист од зелен чај и масло од вечерна иглика, кои работат заедно за да ја обноват еластичноста на кожата и да ѝ дадат здрав и осветлен изглед.
Како се користи:
Богата со антиоксиданти и патентирани состојки, ID Placosmetics Face Fit Plaster Mask е совршен избор за затегната, ревитализирана кожа со младешки изглед.
FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употеба за длабинска нега и обновување на кожата.
Оваа премиум моделирачка маска е совршена за интензивна хидратација и длабинско потхранување на кожата. Оваа маска е с поголема концентрација и дава поголем ефект од сличните маски за домашна употреба. Содржи екстракт од тиква, богат со витамини А, Б, Ц, Е, К и минерали, кои ѝ помагаат на кожата да се обнови и да го врати здравиот, воедначен изглед. Идеална е за кожа што е дехидрирана, има нерамна текстура или ѝ е потребна дополнителна нега по пилинг или специјални третмани.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Благодарение на својот уникатен состав, оваа маска:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Измешајте ја маската во птрав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask, вашата кожа ќе биде хидрирана, измазнета и видливо освежена!
Zombie Beauty Pumpkin Pack од SKIN1004 e маска за лице со тиква за длабинска хидратација и смирување на кожата.
Zombie Beauty Pumpkin Pack е сет од 16 маски за лице со текстура во вид на гел, со богата формулација од 61% екстракт од тиква, дизајнирани за интензивна хидратација, смирување и нега на уморна и дехидрирана кожа. Тиквата, позната по високата содржина на витамини C, E и бета-каротин, ја поддржува обновата на кожата и ја штити нејзината бариера од надворешни предизвикувачи на стрес и предвремено стареење.
Маската дополнително е збогатена со екстракти од зелен чај и азиска центела, моќни антиоксиданти кои ја ревитализираат кожата, го смируваат црвенилото и помагаат во обновата на хидролипидната рамнотежа. Составот вклучува и природен мед, прополис и матична млеч, кои ја подобруваат текстурата на кожата и ѝ даваат мекост и сјај.
Идеална е за сува, чувствителна и опуштена кожа, како и за оние кои се борат со дехидратација, груба површина и намалена еластичност. Формулата е дерматолошки тестирана и безбедна за секојдневна употреба.
Главни придобивки:
Како се користи: Нанесете со четката или со прсти на чисто лице, избегнувајќи ја областа околу очите. Оставете да се впие целосно, не се измива.
Пакувањето содржи 16 Pumpkin Pack маски и четка за нанесување.
Откријте ја моќта на тиквата и природните екстракти со Zombie Beauty Pumpkin Pack, вашата нега за здрава, еластична и блескава кожа.
SKIN1004 Zombie Beauty Anti-Wrinkling & Lifting Mummy Pack е интензивен третман против брчки и губење на еластичност, кој за само 15 минути видливо ја затега кожата и го подобрува нејзиниот изглед. Формулиран со активен јаглен и моќни екстракти од црни моќни состојки вклучувајќи црн тартуф, боровинки и црна рибизла, оваа маска ја храни кожата, ја чисти длабински и помага во затворање на порите.
Сетот содржи два дела, Mummy Pack Powder и Mummy Pack Activator, кои се мешаат непосредно пред нанесување. Резултатот е моментален лифтинг ефект, подобрена текстура на кожата и свеж, затегнат изглед. Идеален е за сите што се соочуваат со знаци на стареење, видливи пори, недостаток на еластичност или кожа на која шминката не се нанесува убаво.
Клучни состојки:
Како се користи:
Содржина на сетот: 8× Mummy Powder, 8× Mummy Activator и четка за нанесување.
Погоден за сите типови кожа, особено за зрела, опуштена или кожа со проширени пори.