1.044 ден Original price was: 1.044 ден.835 денCurrent price is: 835 ден.
Нема на залиха
Тоа е нежно масло за темелно чистење на лицето кое длабински ја чисти шминката и остатоците од нечистотии благодарение на природните растителни масла кои истовремено ја негуваат кожата. По чистењето кожата ја остава свежа и хидрирана.
94% природно масло
За сите типови на кожа
Испумпајте 2-3 пати од ова масло за чистење на суви дланки. Нежно масирајте на суво лице почнувајќи од челото, потоа носот и образите. По масирањето, остатокот од маслото не го бришете со марамче, туку исплакнете го лицето со млака вода 2 до 3 пати.
1.044 ден Original price was: 1.044 ден.835 денCurrent price is: 835 ден.
Нема на залиха
Темелно отстранете ги и најтврдокорните нечистотии и шминка од кожата на лицето со 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 без да ја нарушите заштитната бариера на кожата.
Овој пенлив гел чистач е идеален за отстранување на шминката, вклучително и маскарата.
Темелно ги чисти пoрите од вишокот маснотии и нечистотија.
Нежен е кон кожата и темелно ги отстранува и најтврдокорната шминка и нечистотии без да ја наруши заштитната бариера на кожата.
Благодарение на витаминот Ц и растителните екстракти, го изедначува нерамномерниот тен, ја намалува хиперпигментацијата, ја штити кожата од слободните радикали, ја спречува појавата на акни и ја подобрува текстурата на кожата.
Клучни состојки:
▪️ Витамин Ц
Ја намалува хиперпигментацијата и темните дамки. Го стимулира создавањето на колаген. Ја штити кожата од слободните радикали.
▪️ Алое вера
Jа омекнува и смирува кожата. Ја спречува појавата на акни.
▪️ Зелен чај
Тоа е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали. Ја одложува појавата на знаци на стареење.
▪️ Екстракт од морска алга
На кожата ѝ дава полн изглед. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во зацврстување на
кожата.
▪️ Женшен
Ја спречува појавата на фини линии и брчки.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Gentle Cleansing Milk е нежно млеко за чистење и длабинска хидратација што темелно ја чисти кожата без да ја наруши природната влажност.
Тоа е богато и хранливо млеко за чистење кое без напор ги отстранува нечистотиите без да го наруши нивото на природна влажност на кожата. Овој производ е дизајниран како чистење кое истовремено делува и како нега, со формула која содржи 63% хидратантна есенција за кожата да остане мека и без чувство на затегнатост по миењето. Неговата формула со ниска киселост помага во одржување на здрава pH вредност на кожата.
Она што го прави ова млеко посебно е неговата патентирана „Reverse Micelle“ технологија, каде капсули помали од типичните липозоми содржат хијалуронска киселина за нејзина поефикасна апсорпција во кожата. Благодарение на својата нежна текстура и смирувачките состојки, производот е безбеден за чувствителната кожа и за зоната околу очите бидејќи не предизвикува пецкање. Клиничките испитувања потврдуваат дека ова млеко ја подобрува длабинската хидратација на кожата за 31.63% само со еден процес на чистење.
Збогатен е со екстрат од Мадагаскарска азиска центела со висока чистота. МадаМадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој производ е соодветен за сите типови кожа, а особено се препорачува за сува и чувствителна кожа на која и е потребна дополнителна заштита на бариерата за време на чистењето.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од млекото на кожата и нежно масирајте со кружни движења за да ја растворите шминката и нечистотиите. Потоа темелно исплакнете го лицето со млака вода.