990 ден Original price was: 990 ден.809 денCurrent price is: 809 ден.
Нема на залиха
Тоа е благо киселкасто средство за чистење на лицето направено со природни состојки од кои 69% вода од азиска центела наместо дестилирана вода. Ги отстранува нечистотиите од кожата со нежна пена и растителни хидратантни состојки. По чистењето кожата ја остава хидрирана без да ја сужи и без да остави чувство на затегнатост.
Вода од лист од азиска центела 69%
Начин на употреба: По утринското или вечерното миење на лицето, испумпајте 1 до 2 пати од пената, а потоа нежно масирајте го лицето. Потоа исплакнете со млака вода. Ако имате тешка шминка, прво отстранете ја со маслен чистач а пенливото средство коритете го како втор чекор од двојното чистење.
990 ден Original price was: 990 ден.809 денCurrent price is: 809 ден.
Нема на залиха
Темелно отстранете ги и најтврдокорните нечистотии и шминка од кожата на лицето со 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 без да ја нарушите заштитната бариера на кожата.
Овој пенлив гел чистач е идеален за отстранување на шминката, вклучително и маскарата.
Темелно ги чисти пoрите од вишокот маснотии и нечистотија.
Нежен е кон кожата и темелно ги отстранува и најтврдокорната шминка и нечистотии без да ја наруши заштитната бариера на кожата.
Благодарение на витаминот Ц и растителните екстракти, го изедначува нерамномерниот тен, ја намалува хиперпигментацијата, ја штити кожата од слободните радикали, ја спречува појавата на акни и ја подобрува текстурата на кожата.
Клучни состојки:
▪️ Витамин Ц
Ја намалува хиперпигментацијата и темните дамки. Го стимулира создавањето на колаген. Ја штити кожата од слободните радикали.
▪️ Алое вера
Jа омекнува и смирува кожата. Ја спречува појавата на акни.
▪️ Зелен чај
Тоа е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали. Ја одложува појавата на знаци на стареење.
▪️ Екстракт од морска алга
На кожата ѝ дава полн изглед. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во зацврстување на
кожата.
▪️ Женшен
Ја спречува појавата на фини линии и брчки.
Најважниот чекор во негата на кожата е чистењето. Ако нечистотијата на кожата и себумот не се измијат темелно и се остават да се акумулираат во порите, тие можат да предизвикаат воспаленија.
Започнете ја утринската рутина за нега на лицето со 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗣𝗛-𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺. Тоа е кремаст пенлив чистач кој пружа голема сатисфакција од употребата. Нежен е со кожата, но е немилосрден со нечистотиите. На кожата и ја враќа оптималната pH вредност неопходна за одржување на здрава кожа
Постои причина зошто оваа пена за чистење на лицето е добитник на голем број награди во Кореја. Тоа е една од најнежните и најпријатните пени за чистење кои било кога сте ги пробале.
Резултатите од завршениот тест покажуваат дека е врши ултра фино чистење кое отстранува 99% од ултра ситната прашина, што докажува дека тоа е производ кој го чисти не само кремот за сончање, основната шминка, туку и ултра ситната прашина.
Содржи 33% екстракт од мунго грав кој помага да се отстранат нечистотиите од порите, но и да се врати изгубената хидратација за да се одржи кожата мека, мазна и еластична.
Исто така содржи и прав од мунго грав кој прави нежен пилинг за елиминирање на мртвите клетки и вишокот маснотии од кожата.
Не содржи вештачки сурфактанти туку сурфактанти на база на амино киселини.Состојките кои се пријателски кон кожата имаат добра способност за чистење и создаваат богата пена со фини меурчиња.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗽𝗛-𝗯𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺 има освоено повеќе награди доделени врз база на рецензиите на корисниците на Hwahae, најпопуларната мобилна апликација за козметички рецензии во Јужна Кореја и Olivie Young, најголемиот синџир на козметички продавници во земјата.