Кошничка 0 x

Product

Klairs Fundamental Nourishing Eye Butter

1.295 ден 1.165 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:
Информации

Фундаменталниот хранлив путер за очи на корејскиот бренд Dear, Klairs е дизајниран да ја обнови еластичноста и радијантноста на кожата околу очите, благодарение на мешавината на четири пептиди и богатиот антиоксидантен ориентален чаен комплекс. Од нежната, налик на путер формула, произлегува здрав изглед.

Овој хидратантен путер за очи, содржи масло од сончогледово семе кое е богато со витамин А и витамин Е за заштита на тенката кожа околу вашите очи, а исто така, пептидите кои ги содржи (ацетил хексапептид-8, бакар трипептид-1, олигопептид-29, олигопептид-32), ги подобруваат фините линии. Овој вегански производ е наменет за сите видови на кожа, а меката текстура налик на путер, помага за производот брзо да се апсорбира. Доволно е богат, без да остави мрсна трага, па исто така се препорачува и за мрсна кожа. Не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла.

Употреба: Нанесете соодветна количина од путерот и нежно тапкајте околу горната и долната очна област со прстите наутро и навечер, по нанесувањето на тонер. Може да се нанесе и по нанесувањето на фундаменталниот гел за очи.

Совет: Путерот за очи, може да се нанесе и на други делови како вратот, назолабијалните набори итн. со цел подобрување на еластичноста на кожата и фините линии.

Klairs Fundamental Nourishing Eye Butter

1.295 ден 1.165 ден