249 ден
Нема на залиха
249 ден
Нема на залиха
FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask e смирувачка моделирачка маска за чувствителна и проблематична кожа.
Оваа премиум моделирачка маска е специјално формулирана за смирување на проблематична и чувствителна кожа. Идеална е за кожа склона кон акни, иритации и црвенило, особено по специјални третмани како што се MTS (терапија со микроигли) или пилинг.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Маската содржи екстракт од Portulaca oleracea, моќна состојка позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, која брзо ја смирува кожата и го намалува црвенилото. Алантоинот дополнително ја негува и смирува кожата, додека колагенот обезбедува длабинска хидратација и ја подобрува нејзината еластичност.
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете рамномерна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask, вашата кожа ќе биде смирена, хидрирана и видливо подобрена од првата употреба!
Маската со кал од Мртво Море прави детоксификација на кожата со извлекување на токсините и нечистотиите заробени длабоко во порите на кожата. Во комбинација со хранливи витамини и минерали со хијалуронска киселина, алое, овесна каша и масло од авокадо, прави хидратација, смирување и балансирање на кожата. Длабински ги чисти затнатите пори, го намалува изгледот на фините линии и брчките, ја минимизира појавата на порите, ја подобрува текстурата на кожата. Резултатот е чист, свеж и тен.
Со Biodance Bio Collagen Real Deep Mask почувствувајте ја колагенската моќ за цврста и блескава кожа. Biodance Bio Collagen Real Deep Mask е најпродаваната колагенска маска што стана вирален хит на TikTok и омилен избор на милиони корисници ширум светот. Оваа хидрогел маска обезбедува длабока хидратација, затегнување и сјај, трансформирајќи ја кожата уште по првото користење.
Со уникатна формула која комбинира ултра-нискомолекуларен колаген, пробиотици и олиго хијалуронска киселина, маската ја враќа еластичноста, ги минимизира порите и видливо ги измазнува фините линии.
Придобивки:
Клучни состојки:
Пробиотскиот комплексго зајакнува заштитниот слој и штити од стареење.
Клинички е докажано дека редовната употреба покажува зголемена хидратација на кожата за 204%, подобрена еластичност за 34% и намалување на големината на порите за 83%.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.