249 ден Original price was: 249 ден.174 денCurrent price is: 174 ден.
Нема на залиха
249 ден Original price was: 249 ден.174 денCurrent price is: 174 ден.
Нема на залиха
Маската со кал од Мртво Море прави детоксификација на кожата со извлекување на токсините и нечистотиите заробени длабоко во порите на кожата. Во комбинација со хранливи витамини и минерали со хијалуронска киселина, алое, овесна каша и масло од авокадо, прави хидратација, смирување и балансирање на кожата. Длабински ги чисти затнатите пори, го намалува изгледот на фините линии и брчките, ја минимизира појавата на порите, ја подобрува текстурата на кожата. Резултатот е чист, свеж и тен.
FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask e смирувачка моделирачка маска за чувствителна и проблематична кожа.
Оваа премиум моделирачка маска е специјално формулирана за смирување на проблематична и чувствителна кожа. Идеална е за кожа склона кон акни, иритации и црвенило, особено по специјални третмани како што се MTS (терапија со микроигли) или пилинг.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Маската содржи екстракт од Portulaca oleracea, моќна состојка позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, која брзо ја смирува кожата и го намалува црвенилото. Алантоинот дополнително ја негува и смирува кожата, додека колагенот обезбедува длабинска хидратација и ја подобрува нејзината еластичност.
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете рамномерна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask, вашата кожа ќе биде смирена, хидрирана и видливо подобрена од првата употреба!