10.990 ден Original price was: 10.990 ден.8.243 денCurrent price is: 8.243 ден.
Нема на залиха
Оваа висококвалитетна гумена спатула е незаменлив алат за секој професионален третман кој вклучува нанесување на маски во вид на гел или паста, а може да се користи и за нанесување наски во домашната нега на лицето. Дизајнирана е за лесно и хигиенско мешање на различни видови маски (алгинатни, глинени или кремасти) и нивно прецизно нанесување на лицето и вратот.
Благодарение на мекиот и флексибилен материјал, спатулата совршено се прилагодува на контурите на лицето, овозможувајќи рамномерен слој без трошење на производот. Не ја иритира кожата и е многу полесна за чистење од обичните четки, што ја прави похигиенска опција за долготрајна употреба.
Придобивки:
Начин на употреба: Користете ја спатулата за да ја измешате маската додека не добиете хомогена смеса. Со рамниот дел од спатулата, нанесете ја маската на лицето со движења од центарот кон надвор. По употреба, веднаш измијте ја со млака вода и сапун.
Medicube Collagen Jelly Cream е иновативен корејски производ во вид на гел-крем за нега на лицето формулиран за интензивна хидратација, подобрување на еластичноста и постигнување на природен сјај. Со уникатна гел-структура, кремата содржи freeze-dried хидролизиран колаген и ниацинамид, со цел да ја зајакне кожната бариера и да обезбеди ефект на затегната, сјајна кожа што трае 24 часа.
Овој производ е наменет за подобрување на нерамномерен тен и враќање на изедначен, светол изглед. По нанесување, кожата добива ефект на таканаречен “glass skin” – полирана, мазна и визуелно помлада. Формулата е дерматолошки тестирана, ниско иритирачка, без силикони и вештачки бои, со балансиран pH помеѓу 5.69 и 7.69.
Клучните состојки вклучуваат хидролизиран колаген кој овозможува подобра апсорпција и придонесува за подобрување на цврстината и еластичноста на кожата, како и ниацинамид (витамин B3) кој го зајакнува хидратацискиот капацитет на кожата и ја подобрува нејзината текстура.
Според клинички резултати, еластичноста на кожата се подобрува за 1.793%, а видливата опуштеност се намалува за 2.488% само 24 часа по употреба.
Начин на употреба: Нанесете количина колку еден орев на чиста кожа на лицето и деколтето, наутро и навечер, по серумот што одговара на вашите индивидуални потреби.
Medicube Deep Vita C Capsule Cream, крем со стабилизиран витамин C и ниацинамид
Medicube Deep Vita C Capsule Cream е иновативен кремсо витамин C формулиран за да ја изедначи бојата на кожата, да ги намали пигментираните дамки и да ја направи кожата посветла и поеластична. Благодарение на стабилизираниот витамин C во капсули, обезбедува ефективна антиоксидантна заштита и подобрување на тенот.
Двојната текстура комбинира лесен гел со видливи капсули кои се активираат при нанесување. Може да ја приспособите количината на витамин C според потребите на вашата кожа, идеално за персонализирана нега.