1.131 ден Original price was: 1.131 ден.792 денCurrent price is: 792 ден.
Матриксил и хијалуронска киселина, Skin Drink концентрираниот серум на шпанскиот бренд FAEBEY ви нуди совршена кобинација на состојки за свежа и мазна кожа!
ШТО Е MATRIXYL?
Матриксилот е комплекс од спектар на моќни биомиметички антиејџ пептиди кои го стимулираат производството на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина во кожата, кои помагаат во пополнување на фините линии и брчки природно од внатрешноста на кожата. Тестирањата на оваа состојка покажале видливи резултати само по 6 недели употреба и ја сврстуваат меѓу најефикасните состојки за борба против брчките.
Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Клучни придобивки:
Интензивно хидрира и зајакнува дехидрирана кожа
Видливо ги измазнува брчките и го прави тенот помлад
Ја намалува опуштеноста на лицето
Дава баршунест допир и чувство на свежина
Ја зголемува еластичноста на кожата
Обезбедува ефект на затегнување
Начин на употреба:
По чистење на лицето, нанесете неколку капки дневно на лицето. Распределете рамномерно и масирајте со кружни движења додека целосно не се впие.
MATRIGEN CORE Solution Volufiline 100 е моќен концентриран серум со висока концентрација на волуфилин, познат како „природен филер“. Тој е формулиран да ја таргетира видливата загуба на волумен на кожата и да ја подобри нејзината густина. Ова е технологија која често се користи за видливо зголемување на исполнетоста и волуменот на лицето.
Volufiline е патентирана состојка која содржи екстракт од коренот на азиското растение Anemarrhena asphodeloides (Zhi Mu). Делува на пополнување на изгледот на областите склони кон губење волумен. Со своето уникатно дејство, помага во акумулација на липиди (масти) во клетките на кожата.
Наменет е за директна употреба на областите кои изгледаат вдлабнато или празно како вдлабнатините под очите, јаболчниците и назолабијалните брчки. Формулата е дизајнирана за видливо пополнување и измазнување и се нанесува директно на кожата, без потреба од мешање со други масла или креми. Волуфилинот има поголема ефикасност на топло, затоа затоплете ги дланките пред да го нанесете.
Може да се меша со крем за лице или крем за очи. Измешајте 2 капки од серумот во вашиот крем за лице пред да го нанесете или 1 капка во вашиот крем за очи.
Придобивки:
Формулата содржи клучни состојки кои обезбедуваат волумен, хидратација и заштита:
За кого е наменет Matrigen Core Solution Volufiline 100? Овој концентриран серум е идеален за:
Начин на користење: Matrigen Core Solution Volufiline 100 може да се користи на три начини. Ако го користите како самостоен третман нанесете 1-2 капки на критичните зони како што се подрачјето под очите, назолабијалните брчки и брчките околу усните или на сите делови од лицето на кои им е потребен волумен. Volufiline подобро се апсорбира кога кожата е топла, затоа нежно протријте ги дланките пред употреба и нежно депрете го проблематичното подрачје со дланките за да ја задржите топлината. Ако го користите измешан со крем за лице додадете 1-2 капки од серумот во вашиот хидратантен или хранлив крем. Ова ќе ја зајакне еластичноста и хранливиот ефект на кремот, особено кај сува кожа. Ако го користите измешан со крем за очи измешајте малку од кремот за очи со 1 капка Volufiline 100 и нанесете на областа околу очите. Лесно тапкајте со прстот додека не се апсорбира. За употреба, свртете го белото капаче на страната ‘Off’ за да го отворите. Вметнете го шприцот во знакот плус (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте за да се апсорбира.
Внесете волумен и еластичност во вашата рутина со Matrigen Core Solution Volufiline 100!
Овој серум е формулиран за да помогне во борбата против знаците на стареење и да го подобри изгледот на кожата. Богат со моќна мешавина на хранливи состојки, овој серум помага во хидратација и зајакнување на кожата, додека ја намалува појавата на фини линии и брчки. Богат е со хијалуронска киселина, која помага да се хидрира кожата, правејќи ја пополна и посјајна. Витаминот Ц и Е, ферулинската киселина и шиа путер дејствуваат заедно за да ја заштитат кожата од оштетување, да помогнат да се изедначи тонот на кожата и да се подобри целокупниот изглед на текстурата и цврстината на кожата. Трипептид-31 придонесува кожата да изгледа поеластично со помалку појава на фини линии и брчки.