1.770 ден
Нема на залиха
1.770 ден
Нема на залиха
FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употеба за длабинска нега и обновување на кожата.
Оваа премиум моделирачка маска е совршена за интензивна хидратација и длабинско потхранување на кожата. Оваа маска е с поголема концентрација и дава поголем ефект од сличните маски за домашна употреба. Содржи екстракт од тиква, богат со витамини А, Б, Ц, Е, К и минерали, кои ѝ помагаат на кожата да се обнови и да го врати здравиот, воедначен изглед. Идеална е за кожа што е дехидрирана, има нерамна текстура или ѝ е потребна дополнителна нега по пилинг или специјални третмани.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Благодарение на својот уникатен состав, оваа маска:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Измешајте ја маската во птрав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask, вашата кожа ќе биде хидрирана, измазнета и видливо освежена!
Medicube Collagen Night Wrapping Mask е ноќна маска со пилинг ефект, дизајнирана за интензивна нега на еластичноста и хидратацијата на кожата додека спиете. Оваа иновативна формула создава колагенска заштитна фолија, која овозможува 8-часовна нега, подобрувајќи ја цврстината, влажноста и природниот сјај на кожата.
Специјално развиената peel-off mask текстура лесно се отстранува во еден слој, без да ја иритира кожата, оставајќи чувство на свежина и обновеност. Благодарение на комбинацијата на активни состојки и напредна корејска технологија, оваа ноќна маска видливо ја затегнува и измазнува кожата по само една употреба.
Како да се користи: нанесете рамномерен слој на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина. Оставете да се исуши преку ноќ, а наутро нежно отстранете ја во еден слој.
Оваа маска е идеална за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат длабинска нега и регенерација преку ноќ.
Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask е маска за нежно, но длабинско чистење на порите.
Започнете ја вашата рутина за прочистување на кожата со Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask, маска на база на глина која обезбедува длабинско чистење, минимизирање на црнките и нежно ексфолирање. Инспирирана од корејскиот термин Bbo-Song, кој го означува сјајот на кожата по чистење, оваа маска видливо ќе ја трансформира вашата кожа.
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чиста кожа на лицето, вратот, деколтето или дури и на грбот, доколку е потребно. Оставете ја маската да делува 5-10 минути. Исплакнете ја со млака вода и нежно исушете ја кожата. Користете ја еднаш неделно за најдобри резултати.
Совет: По употребата на маската, задолжително нанесете крем со заштитен фактор (SPF) за да ја заштитите кожата од сонце. Ако ја користите навечер, користете крем со SPF наредниот ден.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask?
Клучни состојки:
• Розовата глина нежно ја чисти и ја апсорбира нечистотијата.
• Водата од дамаска розова вода освежува и ја смирува кожата со своите антивоспалителни својства.
• PHA и BHA киселиниите се хемиски ексфолијанти кои ја подобруваат текстурата на кожата.
• Вулканскиот пепел помага во контрола на себумот и длабинско чистење.
• Каламинот го намалува црвенилото и воспаленијата.
Нека вашата кожа блеска со Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask.