1.190 ден Original price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
Нема на залиха
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
Нема на залиха
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.
Уживајте безгрижно во дневното сoнце, тука е новиот All-day Airy Sunscreen на Dear, Klairs.
All-day Airy Sunscreen е производ за нега на кожата со силна UV заштита, SPF50+ PA++++ UV заштита, потврдена со повеќе клинички испитувања.
Пред сè, има чист финиш без лепливост по нанесувањето, бидејќи Dear, Klairs користеше природен систем на специјална емулзија за да создаде лесен, но сепак силен крем за сончање. Кремот за сончање се прилагопдува на кожата како лосион или есенција и не остава бела трага или масен сјај. Може исто така да го користите на телото или пред нанесување шминка.
Овој крем не предизвикува иритација и е погоден за чувствителна кожа, бидејќи наместо емулгаторите кои се користат вообичаено во кремите за заштита од сонце, користи емулгатори од растително потекло кои го прават овој крем лесно прилагодлив на кожата и не предизвикуваат иритација.
Може да се нанесува на областа околу очите, без страв од иритација, за да ѝ ја пружи потребната заштита на нежната кожа во оваа област.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐂𝐨𝐭𝐭𝐨𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ 𝐏𝐀+++ е крем за заштита од сонце со широк спектар на заштита од UVA и UVB зраци, погоден за мрсна и комбинирана кожа.
Заштитата од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
Содржи пудра која го апсорбира себумот за да го спречи создавањето на вишок маснотии на кожата и го спречува изгледот на масен сјај на кожата.
Има формула отпорна на потење и останува на своето место долготрајно во текот на денот за време на секојдневните активности.
Исто така служи како тонирана основа за корегирање на недостатоците на кожата и постигнување на рамномерен изглед на тенот и текстурата на кожата.
Содржи екстракт од чајно дрво и алантоин кои ја смирувааат и заштитуваат кожата.
Пептидите и пантенолот ја зајакнуваат бариерата на кожата и ја прават поотпорна на надворешните штетни влијанија.