139 ден
Нема на залиха
139 ден
Нема на залиха
Core Intensive Collagen Velvet Mask е високо хранлива колагенска маска која ја зацврстува кожата и ѝ дава еластичност. Формулирана за да ја подобри цврстината и природниот сјај на кожата, оваа маска обезбедува длабока хидратација и ја зајакнува кожната бариера.
Благодарение на пептидниот комплекс со 5 пептиди, ја подобрува еластичноста и ја обновува кожата, додека Aquaxyl, патентирана состојка, создава интензивен хидратантен ефект кој трае долго. 7 вида хијалуронска киселина формираат хидратантен заштитен слој кој ја навлажнува кожата од површината до најдлабоките слоеви.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
По нанесување на тоник, поставете ја маската рамномерно на лицето. Оставете ја да делува 10-15 минути, потоа внимателно отстранете ја. Останатата есенција нежно втријте ја во кожата за максимален ефект.
Со редовна употреба, кожата станува поцврста, еластична и со здрав, блескав изглед.
Сакате да ја смирите кожата и да ѝ подарите чувство на свежина и удобност? AIPPO Expert Soothing Mask е маска за лице создадена за кожа на која ѝ е потребна хидратација, смирување и нежен третман. Формулата помага да се намали чувството на иритација и затегнатост, додека кожата изгледа посвежо, помеко и поодморено. Идеална е за употреба по долг ден, по изложување на сонце или кога кожата има потреба од дополнителна нега.
Придобивки:
Маската помага во смирување и освежување на кожата.
Обезбедува хидратација и чувство на мекост.
Ја прави кожата поудобна, понежна и посвежа на изглед.
Погодна е за момент кога кожата изгледа уморно или чувствително.
Лесната текстура овозможува пријатно чувство без тежина на лицето.
Начин на употреба:
FAU Skin Solution SOS Travel Kit е комплет за нега на чувствителна и иритирана кожа, идеален за патување или тестирање на производите од линијата. Комплетот содржи мини верзии на четири клучни производи за целосна рутина: тонер, серум, крем и маска. Формулирани со екстракти од центела азиатика, прополис и чајно дрво, овие производи се наменети за смирување на црвенило, хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Сетот вклучува:
Skin Solution SOS Toner (20ml) – Нежен, тонер со ниска киселост, со 80% центела вода за смирување и нега.
Skin Solution SOS Serum (5ml) – Ампула со 70% центела и 10% прополис, идеална за локално третирање на црвенила и акни.
Skin Solution SOS Cream (15g) – Калминг крем со 71% алое вера за регенерација и навлажнување на чувствителна кожа.
Skin Solution SOS Mask (1 маска) – Ладечка маска што ја намалува температурата на кожата и обезбедува моментално олеснување.
Клучни придобивки:
Дерматолошки тестиран за иритирана кожа
Хипоалергени формули за чувствителна и проблематична кожа
Лесно и безбедно за носење – идеално за патување
Природни состојки за хидратација, смирување и заштита на кожата
Активни состојки:
Центела азиатика, прополис, чајно дрво, алое вера, алантоин, камилица, портокалово и лимоново масло
Со Biodance Bio Collagen Real Deep Mask почувствувајте ја колагенска моќ за цврста и блескава кожа. Biodance Bio Collagen Real Deep Mask е најпродаваната колагенска маска што стана вирален хит на TikTok и омилен избор на милиони корисници ширум светот. Оваа хидрогел маска обезбедува длабока хидратација, затегнување и сјај, трансформирајќи ја кожата уште по првото користење.
Со уникатна формула која комбинира ултра-нискомолекуларен колаген, пробиотици и олиго хијалуронска киселина, маската ја враќа еластичноста, ги минимизира порите и видливо ги измазнува фините линии.
Придобивки:
Клучни состојки:
Пробиотскиот комплексго зајакнува заштитниот слој и штити од стареење.
Клинички е докажано дека редовната употреба покажува зголемена хидратација на кожата за 204%, подобрена еластичност за 34% и намалување на големината на порите за 83%.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.