Кошничка 0 x

Product

Mizon Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule

1.499 ден

На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.

Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.

Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.

Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.

Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.

Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.

Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).

Клучни состојки:

  • Ниацинамид
  • Аденозин
  • Пептиди
  • Витамин Е
  • Патентирана нато гума
  • Хијалуронска киселина
  • Бета-глукан
Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: , Бренд:

Употреба: По чистењето и нанесувањето тонер, нежно нанесете неколку капки на лицето и тапкајте за да се апсорбира.

Состав: вода, бутилен гликол, глицерин, ниацинамид, бис-PEG-18, метил етер диметил силан, фенил триметикон, PEG-40, хидрогенирано рицинусово масло, карбомер, трометамин, 1,2-хександиол, етилхексилглицерин, ксантан гума, аденозин, токоферил ацетат, декстрин, динатриум EDTA, вода од Lavandula angustifolia (лаванда), натриум хијалуронат, екстракт од Theobroma cacao (какао), сок од Betula alba, нато гума, алкохол, бета-глукан, екстракт од семе од Vitis vinifera (грозје), лецитин, каприлен/капрински триглицерид, екстракт од лист од Aloe barbadensis, BHT, диизопропил адипат, убикинон, филтрат од фермент од Leuconostoc/корен од ротквчка, палмитоил трипептид-5, екстракт од плод од Vaccinium macrocarpon (брусница), екстракт од плод од Rulbus idaeus (малина), Екстракт од плод од Prunus serotina, екстракт од плод од Cornus officinalis, екстракт од плод од Punica granatum, екстракт од лист од Rosmarinus officinalis (рузмарин), екстракт од Origanum vulgare, екстракт од цвет од Lavandula angustifolia (лаванда), екстракт од цвет/лист/стебло од Thymus vulgaris (мајчина душица), бакар трипептид-1, жолта 5 (CI 19140),феноксиетанол.

Mizon Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule

1.499 ден