1.290 ден 843 ден
1.290 ден 843 ден
AC Collection Calming Liquid Intensive на COSRX нуди тотално и интензивно решение за акните, од прочистување до заздравување.
Што е тоа?
Интензивна течност со брзо дејство која ја освежува и прочистува кожата склона на акни. Тоа е вид на тонер за борба против акни со BHA, AHA и алкохол од растително потекло кој помага да се отстрани вишокот маснотии, да се прочисти и освежи тенот. Нуди темелно чистење на проблематичната кожа.
Зошто е овој производ посебен?
Начин на употреба:
Натопете памучен тупфер и нежно поминете по лицето избегнувајќи го пределот околу очите. Нежно тапкајте и впијте го остатокот од течноста на кожата.
Benton Tea Tree Mist е спреј кој рамномерно ја навлажнува и освежува дехидрираната и уморна кожа.
Содржи 74% екстракт од чајно дрво и хијалуронска киселина кои помагаат во смирување и хидратација на кожата.
Чајното дрво ја навлажнува, смирува и потхранува кожата, а исто така го регулира баласот на водата и мастите.
Хијалуронската киселина ја навлажнува кожата, ја одржува хидратацијата, на кожата и дава полн изглед и ја прави еластична.
Овој спреј е провидна течност која лесно се апсорбира во кожата без да остави леплива трага. Нема додаден мирис, ниту вештачко обојување.
Отстранете ги мртвите клетки од кожата, за совршено мазно и чисто лице сo Benton PHA Peeling Тoner.
PHA киселина се користи наместо AHA и за разлика од AHA не предизвикува фотосензитивност. Има минимални ефекти за фотосензитивност со PHA. Ги отстранува нечистотиите на кожата додека формира водена бариера, оставајќи ја кожата мазна и чиста.
Rice Biome Bubble Peeling e благ дневен пилинг на корејскиот бренд MAKE P:REM. Тоа е пенлив пилинг со нежни меурчиња, формулиран со биом на ориз и LHA за да помогне во отстранување на мртвите клетки на кожата. Оризовиот биом е добиен од ферментиран ориз со lactobacillus, кој врши блага екфолијација а воедно ја остава кожата нежна и хидрирана.
Содржи влакна од јаболко и ниско-иритирачки пилинг LHA кој ја подобрува текстурата на кожата и го изедначува тенот.
Овој производ е наменет за сите типови кожа, посебно за најосетливата. Овој пилинг има меуреста формула со која се намалува и избегнува иритација на кожата.
Make P:rem Rice Biome Bubble Peeling е без синтетички мириси, без вештачки бои, без штетни состојки.