1.859 ден
Нема на залиха
Matrigen Hydra Cellular Ampoule пружа моќна хидратација за длабинки хидрирана и свежа кожа.
Тоа е револуционерен професионален производ за ултра-интензивна хидратација и долготрајна ревитализација. Формулирана со иновативна технологија и моќни хидратантни состојки. Ампулата делува длабински, исполнувајќи ја секоја клетка со влага и ја заштитува кожата од сувост и надворешни фактори. Таа ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата, видливо ги намалува фините линии предизвикани од дехидрација, оставајќи ја кожата мазна, цврста и со здрав сјај.
Клучна состојка е 7-слојна хијалуронска киселина, односно комплекс од седум типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, кои продираат низ различните слоеви на кожата за длабинска рамномерна хидратација, од подлабоките слоеви се до заштитен влажен слој на површината.
Содржи над 10% комплекс од 7 видови хијалуронска киселина. Оваа состојка е позната по своите извонредни својства за задржување на влагата. Хијалуронската киселина активно создава бариера за влага, спречувајќи го нејзиното испарување и ефикасно го подобрува квалитетот на кожата.
Зошто да ја изберете Matrigen Hydra Cellular Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и интензивна хидратација на кожата. Активните состојки, како што се 7-те видови хијалуронска киселина, помагаат во создавање резерви на влага во сите слоеви на кожата, подобрување на еластичноста и зајакнување на кожната бариера против губење на влага. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и пополна, со видливо подобрен тонус и младешки сјај.
Ампулата нуди повеќекратна нега во едно, пружајќи совршен хидратантен и волуменизирачки ефект, подобрување на грубата текстура на кожата и ја прави кожата мазна и цврста. Благодарение на својата мека апликација и одличната хидратантна моќ, ја прави кожата сјајна по негата. Оваа ампула користи технологија за исполнување со влага која ја хидрира кожата одвнатре и ја задржува влажноста.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои:
Начин на употреба:
Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина.
Со Matrigen Hydra Cellular Ampoule, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!
Bright Boost се ампули за локална примена со висока концентрација на витамин C, формулирани за осветлување на кожата, поддршка на природната синтеза на колаген и подобрување на еластичноста. Овој производ помага да се намалат видливите знаци на стареење, како што се фините линии и брчки, и истовремено делува на хиперпигментација и дамки од акни, оставајќи ја кожата свежа, сјајна и изедначена.
Витаминот C е еден од најмоќните антиоксиданти, познат по својата способност да го заштити кожното ткиво од оксидативен стрес и слободни радикали. Со редовна употреба, ја поттикнува продукцијата на колаген и еластин, што ја подобрува структурата и цврстината на кожата. Дополнително, овозможува и длабинска хидратација, оставајќи ја кожата со полн и хидриран изглед.
Формулата е лесна и брзо се апсорбира, без да остава мрсни остатоци, што ја прави погодна за утринска или вечерна рутина. Ампулите се индивидуално пакувани за да се зачува ефективноста на витаминот C и да се спречи оксидација и контаминација, што овозможува хигиенска и практична употреба, дури и при патување.
Производот е формулиран така што е погоден за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна.
Начин на употреба:
Протресете ја ампулата пред употреба.
Поставете го апликаторот и внимателно скршете го врвот на ампулата.
Вметнете го апликаторот и истиснете ја содржината во дланката.
Нанесете на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето со нежни движења додека целосно не се апсорбира.
Продолжете со вашата вообичаена крема.
Bright Boost ампулите се идеално решение за секојдневна нега на кожа што бара дополнителен сјај, уедначен тен и заштита од предвремено стареење.
Мерки на претпазливост:
За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.
Никогаш не отворајте со непокриени раце.
Производот не е за инјектирање.
Избегнувајте контакт со очи и слузници.
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
Сакате да ја пополните кожата која старее и да ги намалите брчките? Пред спиење користете ја оваа серумска маска збогатена со состојки против стареење вклучувајќи 100.000 ppm колаген. AHA, BHA и PHA во формулата ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и даваат мазен финиш. Пептидите и еластинот обезбедуваат хидратантна нега. Со додадените состојки од лаванда, ароматичната серумска маска ви помага да се опуштите за подобар сон. Нанесете пред спиење за да се разбудите со затегната кожа.
Придобивки:
Оваа маска за спиење со 100.000 ppm колаген делува во текот на ноќта за наутро да се добие сјајна и еластична кожа .
Збогатена со 60.000 ppm AHA, BHA и PHA, ги отстранува мртвите клетки од кожата за да ја врати мазната текстура на кожата.
Хидратантните состојки како што се пептид и еластин ја хидрираат кожата.
Лесната текстура на ампулата лесно се апсорбира без да остави мрснотија.
Начин на употреба:
1. Во последниот чекор од ноќната нега на кожата, нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте за полесно да се апсорбира.
2. Препорачливо е да се користи еднаш или двапати неделно.
Предупредување: При првата употреба може да се почувствува мало пецкање или црвенило.