Земја на производство: Република Кореја
Состав: Water, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Centella Asiatica Extract, Panthenol, Xanthan Gum, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Citric Acid.
1.490 ден
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule 100ml е најпознатиот производ на брендот SKIN1004.
Оваа иконична ампула (серум) која содржи 100% чист екстракт од азиска центела добиена од еколошки чистиот регион на Мадагаскар. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата. Бидејќи овој екстракт содржи неколку пати повеќе активни смирувачки состојки има помоќно дејство во споредба со обичната центела. Ампулата е дизајнирана да го врати нарушениот баланс на кожата предизвикан од агресивни надворешни фактори, обезбедувајќи моментално смирување и неверојатно чувство на комфор.
Со лесна и брзоапсорбирачка текстура, овој корејски серум длабоко ја хидрира кожата без да остави леплив финиш. Тој интензивно работи на зајакнување на заштитниот слој (бариерата) на кожата, ја обновува оштетената кожа и делува антиоксидантно. Редовната употреба помага да се балансира рамнотежата помеѓу маснотијата и влажноста, што резултира со поздрав, поизедначен и сјаен тен.
SKIN1004 Centella Ampoule е наменет за сите типови кожа, а особено е препорачлив за чувствителна, реактивна и сува кожа која бара длабока хидратација и ефикасно смирување на црвенилото и иритацијата. Идеален е за оние кои бараат чист, природен производ со минималистичка формула и една главна состојка која е докажана за обновување на кожата и намалување на воспалението.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на дланка, а потоа рамномерно нанесете ја на исчистената кожа на лицето по употребата на тонер. Нежно тапкајте ја кожата со врвовите на прстите за да се поттикне целосна апсорпција на производот. Користете ја наутро и навечер.
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Water, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Centella Asiatica Extract, Panthenol, Xanthan Gum, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Citric Acid.
1.490 ден
Нема на залиха
Beauty of Joseon Calming Serum: Green Tea + Panthenol е смирувачки серум дизајниран да ја намали иритацијата предизвикана од УВ зраци и надворешни предизвикувачи на стрес, обезбедувајќи интензивна хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Оваа обновена формула содржи зголемена концентрација на пантенол (5%) за подобрена хидратација и дополнителни 30% екстракт од мугворт за засилен смирувачки ефект. Лесната текстура овозможува брзо впивање, без лепливост или тежина.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција.
Овој смирувачки серум со зелен чај и пантенол е идеален за чувствителна и дехидрирана кожа, обезбедувајќи здрава, балансирана и хидрирана кожа без иритации.
Тоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пoмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.
The Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
Клучни состојки: