Кошничка 0 x

Product

SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask 27g

1.290 ден

Нема на залиха

SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.

Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.

Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.

Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.

Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.

Клучни придобивки:

  • Лесно и чисто нанесување благодарение на форматот на стик.
  • Длабински ги чисти порите и ги апсорбира себумот и комедоните (со 5 типа глина).
  • Ја намалува видливоста на себацеозните филаменти.
  • Обезбедува блага физичка ексфолијација со прав од црвен грав.
  • Ја смирува чувствителната кожа со екстрактите од азиска центела од Мадагаскар и алое вера.
  • Го задржува нивото на влажност со 30% хидратантна есенција.

Клучни состојки:

  • Centella Asiatica Extract (4,9%) е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја смирува и регенерира чувствителната кожа.
  • Каолинот (8%), бентонитот, илитот, минтморилонитот и каламино се 5 видови глина кои ефикасно ги чистат затнатите пори и го апсорбираат вишокот себум.
  • Phaseolus Angularis Seed Powder е прав од црвен грав кој служи како фин, нежен ексфолијант за отстранување на мртвите клетки.
  • Хималајска розова сол која содржи 80 минерали помага во прочистување на порите.
  • Aloe Barbadensis Leaf Extract е екстракт од алое вера кој дополнително ја хидрира и ја смирува кожата за време на чистењето.
  • Каламинот е состојка која помага во смирување на иритацијата.

Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Water, Kaolin, Dipropylene Glycol, Glycerin, Titanium Dioxide (CI 77891), Butylene Glycol, Sodium Stearate, 1,2-Hexanediol, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Phaseolus Angularis Seed Powder, Cetearyl Olivate, Propanediol, Sorbitan Olivate, Dimethicone, Iron Oxides (CI 77491), Centella Asiatica Extract, Ethylhexylglycerin, Sodium Phytate, Bentonite, Illite, Mineral Salts, Montmorillonite, Calamine.

SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask 27g

1.290 ден

Нема на залиха