1.590 ден Original price was: 1.590 ден.1.113 денCurrent price is: 1.113 ден.
Matrigen Gluta Complex Ampoule е идеално решение за блескав и изедначен тен.
Тоа е револуционерен професионален производ за осветлување и изедначување на тенот на кожата. Оваа ампула е тајната за беспрекорна, блескава кожа. Формулирана со иновативна технологија и моќни состојки, оваа ампула е вашиот клуч за беспрекорен, хидриран и сјаен тен, совршено прилагоден на потребите на модерната нега. Ампулата делува длабински, насочувајќи се кон хиперпигментациите и нерамномерниот тен, помагајќи ѝ на кожата да го врати својот природен сјај и да се заштити од надворешни фактори.
Клучните состојки на оваа ампула се глутатион, арбутинот и ниацинамид состојки препознаени по нивните својства за извонредно осветлување. Овие состојки се познати по своите извонредни својства за осветлување и ревитализација на кожата. Тие активно ја инхибираат продукцијата на меланин, го подобруваат тонот на кожата и ефикасно ги намалуваат темните дамки. Заборавете на досадната и уморна кожа, Matrigen Gluta Complex Ampoule работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре. За поголема ефикасност може да се користи со дерма пен или дерма ролер.
Зошто да ја изберете Matrigen Gluta Complex Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и осветлување на кожата. Активните состојки делуваат на клеточно ниво, помагајќи во блокирање на создавање на меланинот, подобрување на имунитетот на кожата и зајакнување на нејзината заштитна бариера. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и со видливо подобрен тонус и сјај.
Има тројно дејство, пружа интензивно осветлување, подобрување на текстурата и хидратација. За разлика од другите ампули, Matrigen Gluta Complex Ampoule користи оризова вода (Oryza Sativa (Rice) Bran Water) како основа наместо прочистена вода, што дополнително го зајакнува ефектот на осветлување и ја прави кожата да свети како светлина. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата и давајќи и природен, здрав сјај.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои:
Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина. Може да се нанесува локално, со апликатор (tok stick), дерма пен или дерма ролер.
Со Matrigen Gluta Complex Ampoule, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи:
Real Vitamin C Ampoule e серум кој содржи 19% најквалитетен чист витамин C со одлична продирачка моќ. Помага во подобрување на тенот, избелување на пигментираните дамки, намалување на порите, подобрување на еластичноста на кожата и во спречување на појавата на брчки.
Beauty of Joseon Calming Serum: Green Tea + Panthenol е смирувачки серум дизајниран да ја намали иритацијата предизвикана од УВ зраци и надворешни предизвикувачи на стрес, обезбедувајќи интензивна хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Оваа обновена формула содржи зголемена концентрација на пантенол (5%) за подобрена хидратација и дополнителни 30% екстракт од мугворт за засилен смирувачки ефект. Лесната текстура овозможува брзо впивање, без лепливост или тежина.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција.
Овој смирувачки серум со зелен чај и пантенол е идеален за чувствителна и дехидрирана кожа, обезбедувајќи здрава, балансирана и хидрирана кожа без иритации.