1.370 ден Original price was: 1.370 ден.1.248 денCurrent price is: 1.248 ден.
Нема на залиха
1.370 ден Original price was: 1.370 ден.1.248 денCurrent price is: 1.248 ден.
Нема на залиха
Женшенот и ретиналот создаваат моќна комбинација за ефикасно намалување на брчките околу очите. Оваа извонредна синергија на состојки е содржана во новиот серум за очи на Beauty of Joseon, Revive Eye Serum: Ginseng + Retinal. Формулиран за подобрување на состојбата на кожата околу очите, овој серум комбинира 2% ретинал липозом и 10% екстракт од корен од женшен за подмладувачки ефект.
Ретиналот е дериват на витаминот А кој директно се претвора во ретиноична киселина, овозможувајќи побрзо и поефикасно дејство од ретинолот. Оваа активна состојка:
Формулата содржи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол, што овозможува максимална ефикасност со минимална иритација.
Екстрактот од женшен е богат со сапонини кои помагаат во длабинска хидратација и ја штитат кожата од предвремено стареење. Оваа состојка традиционално се користи во корејската нега за подобрување на цврстината и регенерацијата на кожата. Благодарение на способноста за долготрајно задржување на влагата, кожата останува освежена, здрава и еластична.
Овој серум има лесна свиленкаста текстура што брзо се впива во кожата без да остава леплив слој. Наменет е за:
Клиничките тестирања покажале:
Совршен за оние кои бараат ефективна нега против стареење, Beauty of Joseon Revive Eye Serum нуди напредна формула за посветлен, цврст и младешки изглед на кожата околу очите.
Начин на употреба: Нанесете 1-2 испумпувања од серумот со лесен притисок на апликаторот. Со врвот на прстот, нежно тапкајте го серумот околу пределот под очите и по контурата на очите, без триење. Се препорачува само за вечерна употреба.
Кажете им збогум на уморните очи со Advanced Snail Peptide Eye Cream од најпознатиот бренд за корејска козметика, COSRX. Овој лесен, но моќен крем со двојна функција е специјално формулиран да го осветли пределот околу очите, видливо да ги избледи темните кругови и да ја намали подуеноста. Со неверојатни 72% филтрат од слуз од полжав, овој крем обезбедува длабинска регенерација и свежина која трае во текот на целиот ден.
Овој производ е идеален за сите кои сакаат да ја превенираат појавата на првите брчки во своите 20-ти, како и за оние во своите 30-ти кои веќе се фокусирани на поинтензивна анти-ејџ нега. Неговата немрсна текстура брзо се впива, што го прави совршена база за шминка. Како дополнение на култната есенција Advanced Snail 96 Mucin Power Essence, овој крем е задолжителен чекор за секој што се стреми кон совршен корејски „glass skin“ изглед.
Комплексот од 5 видови пептиди е „херој“ состојка на овој производ која работи во синергија со муцинот. Овие пептиди делуваат како градители кои го стимулираат производството на колаген и еластин, враќајќи ја еластичноста и цврстината на тенката кожа околу очите и пополнувајќи ги фините линии одвнатре.
Филтратот од слуз од полжав е уникатна природна состојка која содржи совршен баланс на хијалуронска киселина, гликопротеини и бакарни пептиди. Неговата примарна функција е интензивна регенерација, тој делува како природен лепак кој ги поправа микро-оштетувањата на кожата, го смирува црвенилото и ја забрзува обновата на клетките. Со своите силни антибактериски и хидратантни својства, муцинот ја прави кожата неверојатно мазна, го зајакнува нејзиниот заштитен слој и го враќа здравиот сјај, што го прави незаменлив за кожа на која ѝ е потребна ревитализација.
Зошто е посебен?
Содржи неверојатни 72% муцин од полжав, благодарение на кој ја навлажнува, штити и подмладува деликатната кожа.
Збогатен е со 5 видови пептиди кои го поттикнуваат производство на колаген и ја враќаат цврстината.
Ниацинамидот (витамин Б3) интензивно ги осветлува темните кругови и го изедначува тонот.
Има двојно дејство, истовремено дејствува на осветлување и на затегнување (антиејџ).
Има лесна текстура, не предизвикува милиа и не ѝ дава чувство на тежина на кожата.
Клучни придобивки:
Видливо ја намалува појавата на темни кругови и уморен изглед.
Ја елиминира подуеноста под очите.
Ги „брише“ фините линии и спречува појава на нови брчки.
Обезбедува долготрајна хидратација на најчувствителниот дел од лицето.
Формула без парабени, вештачки мириси и иританти.
Процесот на собирање на муцинот во COSRX е целосно безбеден и пријатен за полжавите. Тие се поставуваат во тивка и темна просторија врз специјална мрежа, каде што се оставени слободно да се движат. Како што полжавите ползат, тие природно оставаат муцин по својата патека, без никаков надворешен притисок или принуда. Потоа, тие се враќаат во нивните природни живеалишта, а собраниот муцин се прочистува и се подготвува за козметичка употреба. Ниту еден полжав не е повреден во овој процес.
Начин на употреба: По нанесувањето на есенција или серум на лицето, земете мала количина од кремот (колку зрно грашок) на врвот на прстите. Нежно натапкјте го во пределот околу очите, избегнувајќи директен контакт со окото. Користете го наутро за енергизирање и навечер за длабинска обнова.