1.370 ден 1.069 ден
1.370 ден 1.069 ден
Никогаш повторно не изгледајте уморно!
Advanced Snail Peptide Eye Cream на познатиот корејски бренд COSRX е лесен крем за очи со двојна функија, кој видливо го осветлува пределот околу очите помагајќи да се намали појавата на темни кругови и подуеноста, благодарение на 72% филтрат од слуз од полжав, 5-те видови пептиди и ниацинамидот.
ЗОШТО Е ПОСЕБЕН?
• Toa e oсветлувачки и енергизирачки крем за очи со со голема концентрација на омилената состојка, филтрат од слуз од полжав.
• Како дополнение на најпродаваната есенција, Advanced Snail 96 Mucin Power Essence, овој функционален крем за очи со двојна функција ја навлажнува и штити кожата и помага во подмладување на пределот околу очите благодарение на филтратот од слуз од полжав.
• Комплексот кој се состои од 5 различни типови на пептиди помага во производството на колаген и подобрување на еластичноста на кожата, а ниацинамидот го осветлува темниот тон на пределот околу очите.
• Формулата помага во обновувањето на деликатната област околу очите и спречување на појавата на знаци на стареење додека нежно го отстранува фините линии.
Совршен за оние во своите 30-ти кои сакаат да се фокусираат на грижата против стареењето, како и за оние кои сакаат да започнат со нега на очите порано во нивните 20-ти.
Женшен и ретинал, тоа е добитната комбинација за отстранување на брчките околу очите. Оваа извонредно ефиксна комбинација на состојки ќе ја најдете во серумот за очи 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 : 𝗚𝗶𝗻𝘀𝗲𝗻𝗴 + 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗮𝗹.
Овој производ е дизајниран за да ја подобри опуштената кожа околу очите. Нуди комбинација од 2% ретинал липозом кој има најдобро синергиско дејство со женшенот, позната традиционална анти-ејџ состојка. Оваа комбинација на состојки ефикасно ја враќа еластичноста на кожата, ги намалува брчките и ја обновува оштетената кожа.
Содржи 10% екстракт од корен од женшен богат со сапонин кој помага брзо снабдување со влажност на кожата и нејзино долготрајно задржување длабоко што помага за одржување на свежа и здрава кожа.
Ретиналот е дериват на витаминот А и се користи за подобрување на состојбата на брчките. Ретиналот кој директнно се претвора во ретиноична киселина, делува побрзо и поефикасно врз кожата од ретинолот (кој најпрво мора да помине низ процесот на претворање во ретинал, а потоа во ретиноична киселина за да може да дејствува). Во овој производ се користи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол во формула за поголема ефикасност.
Овој крем има нежна свиленкаста мека текстура која лесно се растопува во кожата без да остави чувство на лепливост.