Beauty of Joseon Glow Serum e серум налик на мед збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за осветлување и подобрување на тенот, каде клучни состојки се прополисит и ниацинамидот.
Клучни состојки: екстракт од прополис 59,94%, ниацинамид 2%. Истакнати состојки: таману масло, бетаин салицилат (BHA), екстракт од чајно дрво, екстракт од семе од Lotus.
Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата.
Состав: екстракт од прополис, дипропилен гликол, глицерин, бутилен гликол, вода, ниацинамид, 1,2-хександиол, екстракт од цвет од Melia azadirachta, екстракт од лист од Melia azadirachta, натриум хијалуронат, екстракт од корен од Curcuma aonga (куркума), екстракт од лист од Ocimum sanctum, екстракт од семе Theobroma cacao (какао), екстракт од Melaleuca alternifolia (чајно дрво), екстракт од Centella asiatica, екстракт од Corallina officinalis, екстракт од семе од Lotus corniculatus, масло од семе од Calophyllum inophyllum, бетаин салицилат, натриум полиакрилоилдиметил таурат, трометамин, полиглицерил-10 лаурат, каприлил гликол, етилхексилглицерин, декстрин, пентилен гликол, октандиол, токоферол, ксантан гума, карбомер.
The Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
Го подобрува и воедначува тенот
Ги прочистува и одржува порите
Ја спречува појавата на комедони и акни
Ја хидрира кожата
Ѝ дава свежина и сјај на кожата
Ја смирува иритацијата и црвенилото
Ги отстранува мртвите клетки од кожата
Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.