1.490 ден
1.490 ден
За најефикасна борба против брчките пробајте го кремот со арбутин и Phytosilika на корејскиот бренд Tisha.
▫️ Ги намалува брчките.
▫️ Ја измазнува кожата.
▫️ Го подобрува тенот.
▫️ Ги намалува флеките.
Овој крем содржи 2% арбутин, ниацинамид и пептиди за моќна борба против брчките. Благодарение на микроигличките од природен биоматеријал Phytosilica, активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата и го стимулираат создавањето на еластин.
Има здрава формула која не содржи никакви штетни состојки.
Не содржи парабени, PEG, минерални масла, или вештачки бои.
⚡ На што се должи ефикасностa на Tisha Arbutin Cream?
Содржи арбутин, ниацинамид и пептиди, комбинација одс состојки исклучително моќна во борбата против брчките. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против брчките е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
💉 Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm, кои не се видливи за човечкото око.
📍 Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Шампон за зајакнување, згуснување и спречување на опаѓање на косата. Шампонот Beardburys Densify е формулиран со кофеин, кој ја активира микроциркулацијата на крвта за да го стимулира растот на косата. Исто така, формулата содржи оксицел, кој ја поттикнува оксигенацијата на скалпот, осигурувајќи дека коренот на косата е ослободен од нечистотии и дека фоликулата на косата може да излезе. Содржи и Алое вера за нега на косата при што таа станува мека и хидрирана.
Како се користи?
Нанесете мала количина на влажна коса и масирајте во скалпот со прстите. Оставете да делува 2 минути и исплакнете темелно.
ПРИДОБИВКИ:
-Помага во спречување на опаѓање на косата.
-Содржи Алое вера за нега на косата, обезбедува мекост и интензивна хидратација
-Освежувачко чувство благодарение на аромата на ментол
-Без парабени
За подобар ефект се комбинира со Beardburys Densify Serum Forte како комплетен третман против опаѓње
Shiseido Fino Premium Touch Hair Mask е интензивна јапонска маска за нега и обновување на косата, создадена за длабинска хидратација и реставрација на оштетено влакно. Формулирана од страна на познатиот бренд Shiseido, оваа маска користи технологија која препознава оштетувања (damage sensor) и обезбедува насочена нега, оставајќи ја косата мазна, сјајна и еластична од корен до врв.
Со богата, но лесна текстура, маската навлегува длабоко во структурата на косата и ја обновува одвнатре. Се препорачува за сите типови коса, особено за сува, бојадисувана, топлински третирана или хемиски оштетена коса.
Клучни состојки:
• Скваланот обезбедува долготрајна хидратација без да ја натежнува косата.
• Екстрактот од прополис помага во обновувањето на структурата на влакното.
• Витаминот Е (токоферол) штити од слободни радикали и го подобрува сјајот.
Резултатот е видливо посилна, поздрава и полесна коса што изгледа свиленкасто и се обликува без напор.
Начин на употреба: По миење на косата со шампон, нанесете соодветна количина од маската на влажна коса, особено на должината и врвовите. Оставете да делува 3 до 5 минути, потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете 1 до 2 пати неделно, или по потреба, во зависност од состојбата на косата.
Shiseido Fino Premium Touch Hair Mask доаѓа во практично пакување од 230g и е идеален избор за сите што сакаат коса со салонски изглед дома.