1.252 ден Original price was: 1.252 ден.876 денCurrent price is: 876 ден.
AC7 Spot Serum е серум на корејскиот бренд Tisha ефикасен во отстранување на различните видови акни, со кој корисниците забележуваат значително подобрување по само една недела, до целосно отстранување на акните по 3 месеци употреба.
Погледнете ги на вториот слајд резултатите кај момче тинејџер кое го користеше Tisha AC7 Spot Serum секоја вечер во текот на 3 месеци.
На што се должи ефикасностa на Tisha AC7 Spot Serum?
Содржи комплекс од 11 клучни внимателно одбрани состојки ефикасни во борбата против акните, како салицилна, масло од чајно дрво, ниацинамид и екстракт од центела. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против акните е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата која ја создаваат лузните или инфекциите и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Кога козметичките производи со Phytosilica се нанесуваат и се втриваат во кожата, микроигличките прават микропроцепи во кожата и ги доставуваат активните состојки до најдлабоките слоеви на епидермисот со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
Слично на третманите со дермапен и дермаролер, производите со Phytosilica микроиглички го стимулираат природниот механизам на обновување на кожата.
Phytosilica микроигличките се невидливи за човечкото око. Благодарение на нивната мала димензија, козметичките производи на база на овој биоматеријал не предизвикуваат непријатно чувство при употребата.
Оваа технологија е регистрирана како безбедна во повеќе земји во светот, вклучително и EU и е одобрена од повеќе национални задравствени организации, како и американската FDA.
1.252 ден Original price was: 1.252 ден.876 денCurrent price is: 876 ден.
TISHA Aemma Moringa Cleansing Foam е кремаста пена за секојдневно длабинско чистење на лицето. Богатата пена помага во отстранување на нечистотиите, вишокот себум и фините честички насобрани на површината на кожата. Формулата содржи екстракт од семе од моринга, глицерин и алантоин, кои придонесуваат кожата по чистењето да остане мека, свежа и негувана.
Бенефити:
• Темелно ги отстранува нечистотиите и вишокот себум
• Помага во отстранување на фините PM2.5 честички
• Создава богата и кремаста пена
• Ја остава кожата свежа и чиста
• Содржи екстракт од семе од моринга 200 ppm
• Погодна е за сите типови кожа
Употреба: Нанесете мала количина на влажни дланки и протријте за да создадете богата пена. Нежно масирајте го влажното лице, избегнувајќи го пределот околу очите, а потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете наутро и навечер.
Инстант решение за сувата, дехидрирана и испукана кожа, тука е Ceramide Cream на корејскиот бренд Tisha!
Tisha Ceramide Cream има богата содржина на церамиди. Во комбинација со делотворните растителни екстракти и масла ја обновуваат и зајакнуваат нарушената кожна бариера со што го спречува губењето на влажноста и ги намалува чувствителноста и иритацијата. Тоа е крем кој на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација која трае во текот на целиот ден, 24 часа.
Ја подобрува еластичноста на кожата, ги намалува брчките и го подобрува тенот.
Церамидите се липиди кои се наоѓаат во клетките на кожата и сочинуваат до 50% од надворешниот слој на кожата, епидермисот. Тие се важни за задржување на влажноста на кожата и спречување на влез на бактерии во телото. Ако содржината на церамиди се намали, кожата може да дехидрира и да развие проблеми како сувост и иритација.
Церамидите играат важна улога во функцијата на бариерата на кожата, која служи како прва линија на одбрана на телото од надворешното загадување и токсините.
ДЕЈСТВО